Заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, Акчапар, говореше на седницата на 30. Министерски совет на ОБСЕ

November 30, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, Бурак Акчапар, рече дека тие се длабоко потресени поради големите цивилни загуби од 7 октомври досега, известува Анадолу.

Акчапар се обрати на сесијата на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, со кој претседава Северна Македонија.

Акчапар им се заблагодари на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, и на Северна Македонија за преземањето на мандатното претседавање со ОБСЕ оваа година и им честиташе на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на лидерите и на персоналот на ОБСЕ за нивната напорна работа.

Акчапар ѝ се заблагодари и ѝ честиташе и на Малта за преземањето на претседавањето со ОБСЕ во 2024 година.

Истакнувајќи дека се собрале тука под вонредни услови за меѓународниот мир и безбедност, Акчапар рече: „Трагичната војна во Украина наскоро ќе наврши две години. Уништувањата, разорувањата и човечкото страдање во Украина се многу големи. Регионалните и глобалните последици од војната, исто така, се во пораст. Сите сме негативно погодени од оваа војна. Би сакал уште еднаш да го потврдам нашиот основен став за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, како и нашата решеност да ги поддржиме дијалогот и дипломатијата за политичко решение.“

Акчапар потсети дека по последниот состанок, во друг дел од светот, во подрачје не толку далеку од регионот на ОБСЕ, сме сведоци на големи уништувања, разорувања и човечки страдања и додаде:

„За жал, до срж нè потресоа огромните цивилни жртви што се случија на 7 октомври и потоа. По првичната ескалација, Израел неселективно како цел ги зеде цивилите и секој вид цивилна инфраструктура, вклучително и болниците во Газа, и спроведува жестоки напади. Во својата понова историја човештвото никогаш не видело толку голема загуба на цивилни животи, главно, жени и деца, во толку краток временски период. Обединетите нации никогаш не виделе толкав број цивилни жртви во ниту еден вооружен конфликт.“

Осврнувајќи се на темата „За луѓето се работи“, под која Северна Македонија го спроведува мандатното претседателство со ОБСЕ, Акчапар рече: „Да, така треба да биде, но не само за некои луѓе, туку за сите луѓе.“

Посочувајќи дека ОБСЕ помина низ најтешките периоди во својата историја, Акчапар посочи дека организацијата сè уште ја задржува својата важност како најсеопфатна платформа за целосна безбедност и соработка во Европа и дека платформата треба да се зачува во нејзината сегашна форма.

„Доколку ОБСЕ денес не постоеше, ќе беше невозможно да го создадеме“, рече Акчапар и го даде следниов коментар:

„Ова е уникатна структура, вредна структура. Мојата земја, Туркије, од другите членки ќе побара да се стремат кон консензус и во исто време, ќе побара да трагаат по компромис и визија за зајакнување на оваа организација и отворање нова страница за колаборативна безбедност во Европа. Во тој контекс, за да ја олесниме дискусијата, на ова прашање ќе обрнеме внимание на Дипломатскиот форум во Анталија, кој ќе се одржи во март и ќе ги донесе на едно место Украина и Русија првпат по февруари 2021 година.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тензична атмосфера во „Борис Трајковски“: На масата кај Лавров оставен лист „Резервирано за НАТО“

Следно

Спасовски: Доверената организација на Самитот на ОБСЕ претставува признание за нас

Latest from Blog

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop