Необјективно и оркестрирано гласање за новиот состав на ДКСК – реагира членка на Комисијата за селекција

November 29, 2023
2 mins read

Камиловска-Трповска во издвоеното мислење вели оти изненадува како другите претставници на Комисијата за селекција „изнајдоа компромис токму и само за овие кандидати и покрај слабите интервјуа, одбивањето да одговорат на директни прашања за општествени состојби, како процесот на заробеност на државата, високопрофилни случаи кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската Комисија за 2023 година, прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање и сл.“

По објавувањето на ранг-листата на кандидатите за следниот состав на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), членката на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија Снежана Камиловска-Трповска информира дека има издвоено мислење по однос на утврдената листа во кое посочува на, според неа, необјективно и оркестрирано гласање на другите членови на Комисијата.

Снежана Камиловска-Трповска, член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на ДКСК / Фото: „360 степени“ (Архива)

Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во Антикорупциската комисија Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова-Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на ДКСК.

Претседател на Антикорупциска, според утврдената листа, во следните пет години ќе биде Димитровска.

Нив по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК, а ранг-листата  со нивните бодувања беше објавена синоќа пред полноќ. За да станат членови на ДКСК, кандидатите треба да ја добијат поддршката од пратениците на пленарна седница.

„Евидентно од посочената ранг-листа е дека како претставник на граѓански сектор од областа на демократија и владеење на право имам целосно различна перцепција за избраните кандидати, со што јасно се манифестира и ставот на граѓанските организации за идниот состав“,

вели Камиловска-Трповска во дописот.

Таа во него вели оти изненадува како другите претставници на Комисијата за селекција „изнајдоа компромис токму и само за овие кандидати и покрај слабите интервјуа, одбивањето да одговорат на директни прашања за општествени состојби, како процесот на заробеност на државата, високопрофилни случаи кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската Комисија за 2023 година, прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање и сл.“

„Дополнително, кандидати кои манифестираа одлични познавања од областа, спремност за директен и недвосмислен одговор и со одлични компетенции не беа добро оценети од страна на другите членови, со што им се оневозможи да се борат за позиција претседател и член на ДКСК“,

вели Камиловска-Трповска.

Инаку, таа наведува дека дописот до медиумите е единствениот правен механизам да го искаже јавно своето издвоено мислење.

„Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата не постои можност да се констатира издвоено мислење за утврдената ранг-листа од страна на членовите на Комисијата за селекција во записникот за спроведени интервју поради што ова е единствениот правен механизам со кој сакам да изразам мислење за необјективно и оркестрирано гласање на останатите членови за Комисија за селекција“,

наведува таа.

Воедно, членката на Комисијата за селекција бара нејзиното издвоено мислење јавно да биде јавно прочитано на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кога ќе се утврдува ранг-листата на кандидатите за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и на пленарната седница на која ќе се гласа за новиот состав на Антикорупциска.

Камиловска-Трповска за издвоеното мислење по електронски пат ја известила надлежната собраниска Комисија, а до архивата на Собранието нејзиниот допис ќе биде доставен во првиот момент кога таа ќе работи.  

Вчера актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, забележа дека на интервјуата за избор на нови членови на ДКСК се пријавиле многу политички експонирани личности што, како што вели, не било случај со актуелниот состав на Антикорупциска.

Таа рече дека не ги познава сите луѓе што се пријавија на огласот, но додаде оти сè дека Комисијата за селекција на кандидати при собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата нема да трпи политички влијанија и да избира такви ликови.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел и тоа како знаел дека Хамас ќе нападне

Следно

Израелските сили застрелаа две палестински деца на окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Трамп пристигнува во посета на Ирска: Се подготвуваат протести, полицијата е на нозе

Трамп ќе присуствува на состаноци во главниот град на Ирска, Даблин, како и во неговиот голф одморалиште во Дунбег, округот Клер, кој е домаќин на Ирскиот опен. Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече

Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и

Министерство за финансии: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

12 септември 2026 година, Скопје – Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната

GREEN MACHINES ГО ЗАЈАКНУВА ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР – GM720ze И GM500Zze ПРЕТСТАВЕНИ НА САЕМ ВО ХЈУСТОН

Green Machines, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот PWX 2026 во Хјустон, САД, каде заедно со својот дилер за Тексас,
Go toTop