Шефот на ОН за човекови права бара продолжен прекин на огнот во Газа

November 29, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, денес ги повика „сите што имаат влијание да се заложат за продолжен прекин на огнот во Газа врз основа на хуманитарните и човековите права“, јавува Анадолу.

„Се надевам дека ова може да го отвори патот за траен крај на насилството и да ги поддржи конкретните напори за постигнување траен мир за Палестинците и Израелците“, рече Турк за време на онлајн сесијата посветена на 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права и додаде:

„Сегашниот привремен прекин на огнот обезбедува одредено олеснување за цивилите, а за некои семејства долгоочекувано обединување со најблиските. Но пристапот до хуманитарна помош мора да се обезбеди и одржува низ Газа и сите заложници мора да бидат ослободени.“

Во понеделникот вечерта Катар објави дека хуманитарната пауза меѓу Израел и Хамас е продолжена за уште два дена, при што ќе се изврши натамошна размена на затвореници.

Израел започна голема воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во израелските напади загинаа 15.000 луѓе, од кои 6.150 деца и 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дипломатот што ја издаде американска политика кон Палестина

Следно

Советот на Народна банка ја усвои Програмата за работа за следната година

Latest from Blog

Швјонтек по победата: Никогаш не очекував да го освојам Вимблдон

На убедлив начин полската тенисерка Ига Швјонтек во финалето без загубен гем ја совлада Американката Аманда Анисимова со 2:0 во сетови. Во официјалното обраќање на Централниот терен, Швјонтек изјави: -Никогаш не очекував

Јавно обвинителство осомничи две лица за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по

На 20-ти јули старт на подготовките, Пауновиќ го „скрати“ списокот на 18 одбојкарки

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија на 20.јули во 12 часот стартува нов циклус подготовки за квалификациите за ЕП 2026. Селекторот Стефан Пауновиќ го „скрати“ списокот на 18 одбојкарки, кои ќе треба да
Go toTop