Ученик убиен во пресметка со ножеви во средно училиште во САД

November 28, 2023
1 min read

РОЛИ (АА) – Еден ученик почина, а друг е ранет во пресметка со ножеви во средно училиште во американската сојузна држава Северна Каролина, пренесува Анадолу.

Локалните медиуми објавија дека тепачката меѓу учениците избувнала во фискултурната сала на Средното училиште „Роли Магнет“.

Еден ученик, кој бил избоден за време на пресметката, го загуби животот, а друг е повреден.

Шефицата на полицијата на Роли, Естела Патерсон, изјави дека осомничениот е приведен, а повредениот ученик е префрлен во болница.

Полицијата објави дека осомниченото 14-годишно момче е во притвор и дека е обвинето за убиство.

Градоначалникот Роберт Тејлор изјави дека училиштата треба да бидат безбедни места за учениците и вработените.

„Ќе ја разгледаме безбедносната политика по оваа трагедија“, рече Тејлор.

На видеоснимката што кружи на социјалните мрежи, забележана е тепачката, а неколку моменти подоцна, двајца ученици се избодени со нож, од кои едниот почина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Вработените од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово на протест поради неисплатени плати

Следно

Финансиската слобода конечно во вашите раце со најдобрите услови на Промо потрошувачкиот кредит на Халкбанк

Latest from Blog

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop