Израелскиот министер Галант тврди дека по хуманитарната пауза нападите на Појасот Газа ќе бидат уште пожестоки

November 28, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (КУДС) – Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека по завршувањето на хуманитарната пауза нападите врз Појасот Газа ќе бидат „уште пожестоки“, пренесува Анадолу.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека министерот Галант ги посетил војниците во делот на Појасот Газа заземен од израелската војска.

Галант ги откри плановите што се планирани по хуманитарната пауза.

„Нападите ќе бидат уште пожестоки и ќе бидат изведени во целиот Појас Газа“, рече Галант.

Тој им порача на израелските војници дека зад нив стојат безбедносните структури и Владата.

„Нема да запреме додека нашата работа не биде завршена“, рече израелскиот министер за одбрана.

Министерството за надворешни работи на Катар вчера објави дека хуманитарната пауза е продолжена уште два дена.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу Хамас и Израел стапи на сила во петокот, на 24 ноември, во 07:00 часот по локално време.

Според договорот, ќе бидат ослободени 150 Палестинци од израелските затвори во замена за ослободување на 50 израелски заробеници што ги држи Хамас.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш се убиени повеќе од 15.000 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ивор Мицковски: Два милиони евра за драперии и светилките од чаршија

Следно

Новите антикризни мерки пред Владата

Latest from Blog

Администрацијата на Трамп планира мисија во Мексико против нарко-картелите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна детално да планира нова мисија во која американски војници и разузнавачи би биле испратени во Мексико за борба против нарко-картелите, потврдија двајца американски функционери и

Со воведување на овој вид вежбање, можете да ја подобрите циркулацијата и здравјето на срцето

Според експертите, претходно се верувало дека клучот за здравјето лежи во вечерната прошетка како идеална рутина, но честите движења како што се чучњевите сè уште се сметаат за посоодветни. Неврологот д-р Судир

Ова се новите пратеници во македонското собрание

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, Македонија разговарале околу поддршката што Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент
Go toTop