Полска официјално побара дозвола од Германија за испорака на тенковите „леопард 2“ на Украина

January 24, 2023
2 mins read

Германската влада е под зголемен притисок да испрати тенкови во Украина кои би можеле да влијаат на рамнотежата на силите на фронтот. За ова прашање денеска разговарале и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и германскиот министер за одбрана Борис Писториус

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска соопшти дека побарал одобрение од Германија за Полска да испорача тенкови „леопард“ на Украина.

„Германија веќе го доби нашето барање да го прифати трансферот на тенковите `леопард 2` во Украина“,

напиша Блашчак на Твитер.

Тој исто така го повика Берлин да им се придружи на земјите што ја поддржуваат Украина и кои имаат намера да ѝ испорачаат тенкови „леопард 2“.

Германската министерка за надворешни работи Ана Баербок во неделата изјави дека Германија „нема да ѝ застане на патот“ на Полска доколку земјата сака да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина.

Германската влада е под зголемен притисок да испрати тешки тенкови во Украина кои би можеле да влијаат на рамнотежата на силите на фронтот.

За ова прашање денеска разговарале и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Столтенберг по средбата изјави оти е убеден дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испораката на борбени тенкови на Украина, пренесе „Гардијан“.

Писториус изјави дека нема неединство меѓу сојузниците околу испраќањето тешки борбени тенкови во Украина и нагласи дека Берлин брзо ќе дејствува доколку има позитивна одлука за тоа.

Сепак, тој истакна дека НАТО не смее да стане страна во војната во Украина.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите „леопард 2“ да бидат испратени до линијата на фронтот, иако тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против рускиот агресор. Полска е првиот поборник за испорака на леопарди и ги повикува земјите што ги имаат овие германски тенкови да ги испратат во Украина, дури и без одобрение од Берлин.

На состанокот во петокот во американската воена база во Рамштајн, Германија, западните сојузници на Украина ја одложија одлуката за ова прашање, што го налути Киев, кој ја критикуваше нивната „неодлучност“.

Тенковите „леопард 2“ се специјално дизајнирани да се натпреваруваат со руските тенкови Т-90, кои Москва ги користи во инвазијата. Проценките се дека ширум светот има повеќе од 2 000 тенкови „леопард 2“, а според украинскиот претседател Володимир Зеленски околу 300 од нив ќе бидат доволни за одбивање на руските сили на фронтот.

Во заедничката изјава од саботата, министрите за надворешни работи на Естонија, Латвија и Литванија и порачаа на Германија веднаш да и обезбеди на Украина тенкови „леопард“.

Според сегашните регулативи, Германија мора да го санкционира секој реекспорт на нејзините тенкови од други земји, како што е Полска.

Владини извори во Германија минатата недела изјавија дека ќе дадат зелено светло за тенковите „леопард“ доколку САД се согласат да испратат тенкови „абрамс“ во Украина.

Притисокот врз Германија и останатите сојузници дополнително го зголеми и најавата на британскиот премиер Риши Сунак дека Велика Британија ќе и достави на Украина тенкови „челинџер 2“.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Газдата му дал 23.500 евра да ги предаде на колега, а тој исчезнал со парите

Следно

Зеленски: Ќе бидам изненадан доколку Белорусија ја нападне Украина

Latest from Blog

Божиновска: Две години посветена работа за посилна и енергетски независна Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од
Go toTop