Нема вести за десет лекари што Израел ги зароби во Појасот Газа

November 27, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Нема информации за десет лекари што израелската војска со денови ги држи заробени во Појасот Газа, известува Анадолу.

На Инстаграм профилот „Храбри срца на палестинските лекари“ дадено е потсетување дека израелските сили насилно ги евакуирале болниците Ал Шифа и Индонезиската во Појасот Газа во период од 18 до 23 ноември.

Се наведува дека израелските сили тие денови на „безбедната маршрута“ кон југот на Појасот Газа ги задржале лекарите што работеле во болницата Ал Шифа и во Индонезиската болница.

На профилот на Инстаграм се објавени имињата на лекарите за кои нема никакви информации.

На социјалната мрежа Х и Палестинската опсерваторија за здравствени работници потврди дека израелската војска заробила 10 лекари на „безбедната маршрута“ кон југот на блокираниот Појас Газа.

Утрото на 15 ноември израелската војска изврши рација во болницата Ал Шифа, најголема здравствена установа во регионот, во кој беа засолнети илјадници пациенти и раселени лица.

Израелската војска побара од оние што се наоѓаат во болницата Ал Шифа да ја евакуираат зградата, но бидејќи некои од повредените и пациентите не беа во можност да се движат, некои лекари и здравствени работници останаа во болницата.

Ашраф ал Кудра, портпарол на Министерството за здравство на Палестина, на 25 ноември информираше дека Индонезиската болница е целосно евакуирана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕВН: Екипите цела ноќ работеа на отстранување на дефектите на терен во екстремни временски услови

Следно

МТСП: Државната и јавната администрација во Скопје во среда со скратено работно време, во четврток нема да работат

Latest from Blog

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop