Девет лица загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан

November 25, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку девет лица загинаа, а неколкумина се повредени во пожар кој избувна денес во трговски центар во јужниот пакистански пристанишен град Карачи, јавува Анадолу.

Пожарот избувна во шесткатна зграда со стотици продавници на улицата Рашид Минхас во Карачи. Трговскиот центар во тоа време не бил отворен, но во него имало одреден број луѓе.

Противпожарната служба на Карачи досега потврди девет жртви, соопшти градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб Сидики преку платформата Х, додавајќи дека операцијата за пребарување и спасување продолжува.

Одделот за спасување и итна помош соопшти дека над 20 лица се спасени и пренесени во болница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание: По сториите на 360°, Обвинителството отвори предмет за масовните незаконски легализации во Чаир

Следно

Жител на Свети Николе бил агресивен кон вработени во кумановска болница и носел пиштол  

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop