Фон дер Лајен: Да се стави крај на екстремистичкото насилство на Западниот Брег за мир на Блискиот Исток

November 25, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека насилството извршено од екстремистите во нелегалните населби на окупираниот Западен Брег мора да престане за дводржавното решение што ќе донесе мир на Блискиот Исток, јавува Анадолу.

Фон дер Лајен говореше на заедничката прес-конференција со премиерот Џастин Трудо во Канада, каде што беше на Самитот ЕУ-Канада.

Таа ја пофали хуманитарната пауза која стапи на сила вчера поради размена на затвореници меѓу Израел и Хамас и влез на хуманитарна помош.

Таа изрази благодарност до оние кои се вклучени во овозможувањето на примирјето, меѓу кои и на американскиот претседател Џо Бајден, Израел, Катар и Египет, наведувајќи ги нивните неуморни напори за постигнување дипломатско решение.

„Мораме да го спречиме ширењето на насилството. Заедничкиот живот во мир е возможен само преку дводржавно решение“, рече Фон дер Лајен.

Таа го истакна значењето на доставувањето хуманитарна помош во Газа и ја истакна потребата меѓународната заедница да се заземе за да се осигура Палестинците и нивните соседи Арапи да не се раселуваат присилно.

Фон дер Лајен, исто така, ја истакна визијата за одржливо решение.

„На палестинскиот народ му треба остварлива перспектива со палестинска држава, со Газа и Западниот Брег, управувана од нова палестинска администрација. За да се постигне ова, треба да му се стави крај на неприфатливото насилство од страна на екстремистите на Западниот Брег“, рече таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи и викендов

Следно

Петровска: Северна Македонија направи скок од земја корисник на помош, во земја која дава помош на други земји

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop