Израелските сили бомбардираа подрачје близу болница во јужниот дел на Појасот Газа, загинаа најмалку 17 лица

November 20, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 17 Палестинци се убиени, а десетици се ранети во израелските воздушни напади во близина на болницата Јусеф ел-Наџар во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

За нападот очевидците рекоа дека израелските воени авиони бомбардирале две куќи во близина на болницата во градот Рафа.

Локалните извори јавуваат дека под урнатините останале десетици луѓе.

„Пред зори израелските воени авиони погодија куќи, предизвикувајќи масовно уништување во областа“, изјави неименуван очевидец за Анадолу.

Паралелно со тоа, Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските сили утринава го гранатирале подрачјето на Индонезиската болница во северниот дел на Појасот Газа.

Во тој напад загинале најмалку 12 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Северна Македонија организира регионална конференција

Следно

Ковачевски: Фантастични суми се два милиона евра за една статуа или еден милион за три врби

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop