Израелската војска изфрли 500 пациенти од болницата Ал Шифа на улица

November 19, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска насилно евакуираше околу 500 пациенти од болницата Ал Шифа на западниот град Газа, вклучувајќи ги и оние кои се повредени во опсежните напади и ги оставила да се соочат со судбината на улиците на опколената енклава, известува Анадолу.

Пациентите се на улица и покрај тоа што се сериозо повредени и имаат потреба за медицинската нега, објави вчера владината канцеларија за медиуми во Појасот Газа.

Израелската војска им даде рок од еден час на сите оние кои биле во медицинскиот комплекс Ал Шифа, принудувајќи ги дури и пациентите на кои им е потребна медицинска нега да ја напуштат здравствената установа.

„Повеќе од 500 пациенти и ранети, исцрпени од глад, жед и болка, израелската војска ги принуди да го напуштат медицинскиот комплекс Ал Шифа, дочекувајќи ја својата судбина на улицата, имајќи очајна потреба од здравствена и медицинска нега, особено, бидејќи повеќето од нив се во тешка состојба“, објави Канцеларијата за медиуми во Газа.

Канцеларијата објави дека „израелската окупација во потполност е одговорна за безбедноста и животите на сите оние кои биле во Ал Шифа, вклучувајќи ги пациентите, ранетите, предвремено родени бебиња и медицински персонал.“

Канцеларијата за медиуми нагласи дека „за невнимание и лошо следење и координација, одговорност сносат и меѓународните институции и организации, во рамките на заштитата на болниците и здравствените домови, кои би требало да имаат меѓународен и правен имунитет.“

Во објавата се наведува дека горивото мора да биде обезбедено за сите болници во Појасот Газа, за да ја „изведуваат својата здравствена, медицинска и хуманитарна должност кон десетици илјади ранети и болни луѓе.“

Во саботата, директорот на медицинскиот комплекс Ал Шифа изјави дека стотици пациенти, медицински персонал, други вработени и раселени цивили се евакуирани од болницата откако израелската војска поставила рок од еден час за нивна евакуација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска-Стојчевска: Со 32.8 милиони денари го обновуваме старотото училиште во Љубојно

Следно

Приведен тетовец за издржување на тригодишна казна затвор

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop