Блинкен: Израел итно да го запре насилството на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег

November 17, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика Израел итно да преземе чекори за да го запре екстремистичкото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Во вчерашниот телефонски разговор со министерот Бени Ганц, член на израелскиот воен кабинет, Блинкен „ја нагласи итната потреба од успешни чекори за деескалација на тензиите на Западниот Брег, вклучително и соочување со порастот на насилството од екстремистите доселеници“.

Според зборовите на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, Блинкен и Ганц разговарале и за тековните напори да се спречи ескалација на конфликтот помеѓу Израел и Хамас и да се обезбеди ослободување на заложниците што се држат во Појасот Газа, вклучително и американски државјани.

За време на разговорот Блинкен нагласи дека САД остануваат посветени на промовирањето на дводржавното решение.

Повикот на Блинкен следуваше откако израелската војска изврши напади на окупираниот Западен Брег, вклучително и во градот Џенин и бегалскиот камп Џенин, што доведе до судири со вооружени Палестинци.

На Западниот Брег се зголемуваат тензиите и судирите помеѓу Палестинците и израелската војска, која ги засили рациите паралелно со зголеменото насилство од страна на доселениците, и војната во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Следно

СДСМ: Имаме редовни средби со ДУИ

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop