Заменик-шефот на администрацијата на претседателот на Украина поднесе оставка

January 24, 2023
1 min read

Кирило Тимошенко, заменик-шефот на администрацијата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, поднесе оставка.

„Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“, напиша Тимошенко на Телеграм објавувајќи фотографија со напишаната оставка.

Според извори на некои украински медиуми, неговото место би можел да го заземе шефот на управата на воениот округ во Киев, Олексеј Кулеба.

Шефовите на воените регионални администрации на Суми, Дњепропетровск, Запорожје и Керсон наскоро ќе поднесат оставки, јавија локалните медиуми.

Претседателот на Украина во неодамнешното обраќање најави многу „кадровски решенија“ на сите нивоа на власта и во безбедносните сили.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовски аналитичари: Откако Вучиќ навести дека го прифаќа европскиот план, на потег е Курти

Следно

Поради одрон кај обиколницата над Битола, сообраќајот пренасочен низ центарот

Latest from Blog

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени

Три спектакли за три дена: Битола викендов ќе пулсира со музика

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот
Go toTop