Како Христијан Пендиков од тврдокорен Македонец и вмровец стана Бугарин

January 23, 2023
2 mins read

Пендиков, не само што стана главна вест поради односите Македонија-Бугарија, деновиве е актуелен и на социјалните мрежи каде што на големо се споделуваат фотографии од него и неговите политички заложби што ги застапувал пред да стане Бугарин, во кои како тврдокорен Македонец и вмровец (активен член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ) порачувал „Македонија цела да е“, бил гласен против Преспанскиот договор, споделувал фотографии од револуционерот Гоце Делчев порачувајќи дека „во Македонија се говори само македонски“, барал слобода за „тврдокорните“

Во коментари Пендиков велел и „не дај Боже да имам бугарски пасош“

На 19 јануари во Охрид беше нападнат и претепан секретарот на тамошниот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков. Оваа вест предизвика дипломатски тензии со Бугарија која обвини за кршење на правата на Бугарите во Македонија, а одекнаа и закани за блокирање на преговорите со Европската Унија. Инцидентот го осудија македонскиот и бугарскиот државен врв, а Бугарија испрати владин авион за да го земе Пендиков и да го лекува во Софија.

Пендиков викендов го посетија македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот бугарски колега, Николај Милков.

Пендиков, не само што стана главна вест поради односите Македонија-Бугарија, деновиве е актуелен и на социјалните мрежи каде што на големо се споделуваат фотографии од него и неговите ставови и политички заложби што ги застапувал пред да стане Бугарин. Од фотографиите може да се заклучи дека Пендиков бил тврдокорен Македонец и вмровец (активен член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ), кој постојано говорел за „Македонија цела да е“, бил гласен против Преспанскиот договор, викајќи против „предавниците“, споделувал фотографии од револуционерот Гоце Делчев порачувајќи дека „во Македонија се говори само македонски“, барал слобода за „тврдокорните“…

Тој во коментари велел и „не дај Боже да имам бугарски пасош“.

Може да се забележи дека Пендиков бил активен член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, присуствувал на протести на оваа партија, се фотографирал и со лидерот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски и порачувал дека „УМС е начин на живот“.

Основното јавно обвинителство – Охрид, во врска со нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите – „не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил, информираа од Обвинителството.

Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон своето возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Осомниченото лице е во притвор.

Извори од истрагата за МИА потврдија дека против Х.П. во текот на декември полицијата покренела кривична пријава под сомнеж за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, според член 215 од Кривичниот законик.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што кога ќе видиш 300 руски нуклеарки како летаат накај тебе?

Следно

Фото: Внимавајте во овој дел од Карпош, паѓаат делови од стара фасада

Latest from Blog

ЌЕ “ПАЃА“ ЛИ КРУНАТА НА ВТОРАТА ДАМА НА САД. Развод? “Не носам бурма бидејќи перам садови“

Гласините за разводот на потпретседателот на Америка, Џеј Ди Венс, се сè почести, а дополнително се разгореа откако неговата сопруга беше видена во јавност без венчалниот прстен. Потпретседателот на Соединетите Американски Држави,

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДС, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

„Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДС ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен, доволно лукративен и алчен, но истовремено уплашен и исполнет со внатрешен страв. Јасно

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Тимот на Хамбургер ја искористи предноста на домашниот терен и успеа вечерва да биде поуспешен од Вердер Бремен со конечни 3:2. Одличниот натпревар имаше пресврти, интензитет, многу шанси и конечно пет гола.

Нетанјаху: Израел и Хамас се многу блиску до втората фаза од мировниот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се очекува неговата земја и палестинското движење Хамас „многу брзо да преминат во втората фаза од прекинот на огнот“ откако Хамас ќе ги врати останките на
Go toTop