Московскиот патријарх најавува „крај на светот“: Лудаците да сфатат дека уништувањето на Русија ќе значи крај

January 22, 2023
1 min read

Тој досега отворено ја поддржуваше војната на Владимир Путин во Украина и често во јавните настапи ја оправдуваше агресијата. Обвинуваше дека надворешни сили сакаат да ја ослабнат Русија, а во последниот говор отиде подалеку најавувајќи го крајот на светот ако Русија претрпи пораз. Упати и повик до парохиите да ѝ помогнат на руската војска на фронтот, па дури ако можат луѓето и сами да отидат таму

Патријарх Кирил, Руска православна црква / Photo: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), московскиот патријарх Кирил Први го повика локалното свештенство посилно да ѝ помогне на руската војска што се бори на фронтовите во Украина.

Затоа, тој ги повика сите црковни парохии да го „мобилизираат своите парохијани“.

Неговиот говор го објави прес-службата на Московската патријаршија.

„Ако велиме дека црквата е со својот народ, тогаш секоја парохија треба да им помогне на оние кои се на борбената линија. Мораме да ги мобилизираме нашите парохијани за собирање храна и други работи. Барајте можности, собирајте пари, испраќајте пакети, ако е можно, одете и сами, поддржете ја војската“,

апелира патријархот за време на празничен оброк во Соборниот храм Богојавление.

Поглаварот на РПЦ во говорот ја споредува војната со Украина со Големата патриотска војна и Патриотската војна од 1812 година кога, вели, „цела обединета Европа се обидела да ја освои Русија“. Сега, според него, „целиот западен свет повторно кренал оружје против Русија“.

„Зошто нема да се откажеме? Затоа што ние сме алтернатива, а алтернативата е многу привлечна. Тоа е Русија која ги отфрла најлошите манифестации на глобализацијата и која стана светилник на светот. Луѓето ја гледаат Русија како земја која покажува локалност на традиционалните вредности како што се семејството, чувството на должност и патриотизам“,

вели патријархот.

Според него, Русија која силно ѝ се спротивставува на глобализацијата, ужива „големи симпатии кај многу луѓе кои живеат на Западот“.

Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот патријарх Кирил / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / KREMLIN

Патријархот и досега отворено ја поддржуваше војната на Владимир Путин во Украина и често во јавните настапи ја оправдуваше агресијата. Обвинуваше дека надворешни сили сакаат да ја ослабнат Русија, а во последниот говор отиде подалеку најавувајќи го крајот на светот ако Русија претрпи пораз.

„Желбата да се победи Русија денес доби многу опасни форми. Се молиме на Господ да ги вразуми лудаците и да им помогне да сфатат дека секоја желба за уништување на Русија ќе значи крај на светот“,

вели патријархот Кирил во последниот говор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спалети: Имаме голема шанса да го освоиме „Скудетото“

Следно

Во Шпанија е разбиена банда која експлоатирала бегалци од Украина

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop