ХОРОР: Претседател на фудбалски клуб убиен по загубен натпревар

September 26, 2023
1 min read

Колумбискиот фудбалски второлигаш Тигрес соопшти денеска дека клупскиот претседател Едгар Паес е убиен во Богота, откако клубот загуби во саботата од Атлетико (2-3) во рамки на 13. коло во колумбиската Примера Б.

Според извештаите на локалните медиуми, 63-годишниот Паес по поразот на неговиот тим од Атлетико заедно со својата ќерка со автомобил се враќал дома, кога во близина на стадионот во Богота бил пресретнат од двајца мажи на мотор, кои пукале во него.

Неговата ќерка не е ранета во нападот, а Обвинителството соопшти дека истрагата во врска со убиството на Паес е во тек.

-Неговата посветеност кон тимот и развојот на спортот на нашите простори остави неизбришлива трага на сите кои имаа привилегија да го познаваат, соопшти Тигрес преку социјалните мрежи.

Фудбалската федерација на Колумбија изрази сочувство до семејството на Паес и клубот Тигрес.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Препукувања и надвикувања на комисиската расправа по Предлогот за прераспределба на буџетските средства

Следно

Кацарска за измените во кривичниот законик: Уставен суд ќе утврдува дали се уставни или не

Latest from Blog

Трамп: Иранските ракети во голема мера се уништени

„Веќе го нема нивното противвоздушно оружје. Значи, тие немаат воздухопловни сили. Тие немаат воздушна одбрана. Сите нивни авиони се исчезнати“, рече Трамп. Американскиот претседател додаде дека се уништени 60 отсто од иранските

Заедничката изјава на ЕУ и Советот за соработка во Заливот ги осудува иранските напади

Земјите од Заливот ја нагласија својата „обврска дека нивните територии нема да се користат за напади против Иран“. „Тие ја потврдија својата непоколеблива посветеност на дијалогот и дипломатијата како средства за решавање

Пренџов: Кога жената е силна, семејството е стабилно, кога семејството е стабилно, државата е посилна

Кога жената е силна, семејството е стабилно.Кога семејството е стабилно, државата е посилна, напиша на Фејусбук пратеникот, Љупчо Пренџов. Нашата обврска како носители на јавни функции е да создадеме општество во кое
Go toTop