Османи го брифирал Борел за процесот на уставните измени: Да не дозволиме назадување во евроинтеграцијата

August 23, 2023
1 min read

Шефот на македонската дипломатија порачал дека со отпочнувањето на процесот на усвојување на уставните измени, С Македонија докажува оти е подготвена за членство во ЕУ, а дека од Унијата очекува пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година

Во рамки на својата посета на Шпанија, министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на неформална средба го брифирал високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, за текот на процесот за усвојување на уставните измени кои земјава треба да ги спроведе.

Жозеп Борел и Бујар Османи
Фото: МНР

За време на средбата, Османи порачал оти ниту земјава ниту ЕУ не смеат да дозволат евентуално назадување од целта на С Македонија – интеграција во Европската Унија. Додал дека со отпочнувањето на процесот на усвојување на уставните измени, С Македонија докажува оти е подготвена за членство во ЕУ, а дека од Унијата очекува пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година.

Жозеп Борел и Бујар Османи
Фото: МНР

„Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската комисија, Османи го поздрави новиот план за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани вдолж патот кон пристапно членство“,

се додава во соопштението на МНР.

Жозеп Борел и Бујар Османи
Фото: МНР

Шефот на македонската дипломатија и високиот европски претставник размениле мислења и за други актуелни теми, со акцент на последните случувања во регионот, а станало збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Kryetari i Butelit Kostovski: ASKUSH NUK ËSHTË MBI LIGJIN!

Следно

Мексико: 16 лица загинаа при судир на автобус со имигранти и камион

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop