Лихтенштајн на референдум ќе одлучува за казината

January 20, 2023
1 min read

Лихтенштајн, познат по прекарот „Лас Вегас Алпа“, ќе мора да ги затвори своите шест казина доколку се изгласа референдумот закажан за 29 јануари.

Поддржувачите на овој референдум тврдат дека новата индустрија ризикува да му наштети на угледот на земјата, бидејќи сега се на меѓународната црна листа на земји кои се сметаат за „даночен рај“ поради релаксираните закони за коцкање.

„Не сакаме да се етаблираме како казино и жариште за покер во Европа“, рече застапникот за референдум Гидо Мајер.

Претседателот на казината во Лихтенштајн, Рајнхард Фишер рече дека тие работат во рамките на законот и во некои случаи над нивото што го бара законот.

Минатата година даноците од патувања, главно на странските посетители на казината во Лихтенштајн и донеле на државата 50 милиони швајцарски франци.

„Ова е приход кој е важен за нашиот буџет“, рече вицепремиерката Сабине Монауни, која забраната ја оцени како „радикална и прекумерна“ и дека таа не ги решава проблемите со зависноста од коцкање.

„Мораме да најдеме рамнотежа помеѓу мерките кои ќе ја намалат активноста, но во исто време нема да го уништат пазарот“, рече таа.

Шест казина моментално работат во микродржавата со население од само 40.000 жители, од кои сите се отворени од 2017 година, по промената на законите за коцкање.

Најмногу посетители има од Германија и соседните земји, Швајцарија и Австрија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Склучен договор помеѓу град Скопје и Црвен Крст на град Скопје

Следно

Мицкоски: Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61, сега треба да им простат на едно чудо криминалци кои прават притисоци за да закрпат мнозинство

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop