Руската амбасада со реакција за посетата на Османи на Украина: Шпекулира за жртви на руската агресија прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев

January 18, 2023
1 min read

Според Амбасадата, Османи досега не ги споменал жртвите од гранатирањата од страна на украинските сили, „како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници“

Руската амбасада во земјава на социјалната мрежа Фејсбук реагира на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи дадени за време на посетата на Украина во врска со цивилните жртви при руските напади, забележувајќи му дека притоа не ги споменал загинатите при украинските гранатирања.

Во објавата на Амбасадата се наведува дека претседавачот на ОБСЕ, Османи, шпекулирал „за жртви на руската агресија прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев“.

„Но, кога пристигна на железничката станица во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Донецк и Макеевка (Донецка Народна Република): има мртви, ранетите сè уште беа под урнатините“,

се вели во објавата.

Според Амбасадата, Османи досега не ги споменал жртвите од гранатирањата од страна на украинските сили, „како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници“.

„Се работи за луѓето, велите?“,

се додава во објавата.

Министерот Османи за време на посетата на Киев во понеделникот изрази „силна осуда“ за континуираната руска агресија врз Украина, потенцирајќи дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување.

„Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување на транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна. Потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. Мораме да работиме да престане страдањето, а потоа да ги обновиме овие уништени области“,

истакна Османи за време на посетата на градот Бородјанка во Киевската Област кој е силно погоден од воените дејствија.

Османи го осуди рускиот напад врз станбена зграда во Днепар во саботата, во кој, според последните податоци, загинаа 45 лица, меѓу кои и шест деца, околу 80 се повредени, а 20 се уште се водат како исчезнати.

Шефот на дипломатијата, ја повика Русија да ја прекине војната и повторно да се посвети на принципите на ОБСЕ и преку дипломатски пат да се решат сите предизвици. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овие паркинзи ќе бидат бесплатни за Водици

Следно

Шарл Мишел се заложи за испорака на тенкови во Украина

Latest from Blog

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ги почитуваат условите од трговскиот договор склучен меѓу двете страни минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи т.н. реципрочни царини на

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ги почитуваат условите од трговскиот договор склучен меѓу двете страни минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи т.н. реципрочни царини на

Од понеделник започнува Велигденскиот пост – време на покајание, молитва и духовно обновување

Од понеделник, ден по празникот Прочка, започнува Велигденскиот пост, посветен на духовната подготовка за празникот над празниците – Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос. Велигденскиот пост трае седум недели, односно 48

Македонците лани уплатиле 2,8 милијарди евра во коцка: Казината и кладилниците „проголтале“ рекордни суми пари

Граѓаните минатата година уплатиле околу 2,8 милијарди евра во казина, обложувалници и автомат-клубови, покажува анализата на емисијата „Бизнис објектив“. Овој износ претставува огромен финансиски одлив кон индустријата на игрите на среќа и
Go toTop