Фон дер Лајен поддржува иранската гарда да се најде на списокот терористички организации

January 17, 2023
1 min read

Врските меѓу земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) и Техеран се влошија во последниве месеци, откако заглавија напорите за заживување на преговорите за иранската нуклеарна програма, потсетуваат агенциите. Техеран приведе неколку европски граѓани, а Унијата станува сè покритична кон Иран поради насилното задушување на демонстрациите во земјата, како и егзекуциите поврзани со протестите

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека го поддржува ставањето на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) на списокот на терористички организации, со цел да се одговори на „газењето на основните човекови права“ во таа земја. 

Врските меѓу земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) и Техеран се влошија во последниве месеци, откако заглавија напорите за заживување на преговорите за иранската нуклеарна програма, потсетуваат агенциите. 

Техеран приведе неколку европски граѓани, а Унијата станува сè покритична кон Иран поради насилното задушување на демонстрациите во земјата, како и егзекуциите поврзани со протестите. 

 „Реакцијата на иранскиот режим е сурова и страшна. Ги гази основните човекови права“,

изјави претседателката на ЕК за новинарите на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот ски-центар Давос, пренесува Ројтерс. 

ЕУ разговара за четврти круг санкции против Техеран поради  задушувањето на демонстрациите и испораката на оружје на Русија. 

Дипломатски извори наведуваат дека на списокот со санкции следната недела ќе бидат додадени и членови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), пишува Ројтерс. 

 „Навистина бараме нова рунда санкции и јас би поддржала и вклучување на револуционерната гарда на таа листа. Слушнав неколку министри кои тоа го бараат и мислам дека се во право“,

изјави Фон дер Лајен. 

 Антивладините демонстрации избувнаа во Иран во септември, минатата година по смртта на Махса Амини, која беше приведена од полицијата за морал поради наводно кршење на правилата за облекување на жените. 

 Иранските лидери ветија остри мерки против демонстрантите, кои ги опишаа како бунтовници, обвинувајќи ги „непријателите“, пред се САД, за „поттикнување немири“. 

 Етикетирањето на ИРГЦ како терористичка група значи дека припадноста на таа група, присуството на нејзини состаноци и носење на нејзиното лого во јавност ЕУ ќе ги третира како кривични дела. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ ќе заработи 10 милиони евра за мечот со ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал

Следно

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Latest from Blog

Проданоски: Посетата на шведскиот амбасадор Ола Сулстром e потврда за довербата во прилепските еколошки проекти

Денеска во Прилеп беше реализирана посета на фабриката за селекција на отпад кај Алинци, во која учествуваа амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, претставници од амбасадата, шведската асоцијација SALAR и работната група

ТЕПАЊЕ СО СТАП ЗА ДИГИТАЛНО И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Нови правила во училиштата во Сингапур

Учениците кои ги малтретираат другите, вклучително и преку дигитално насилство, ќе се соочат со тепање со стап како „крајна мерка“ според новите насоки воведени во Сингапур. Учениците (момчиња) можат да добијат до

Македонски Телеком и банкарскиот сектор доминираа на денешното берзанско тргување кое заврши со промет од над 28 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00
Go toTop