Трамп чувал доверливи документи на САД во бањата и салата за бал на неговиот имот во Флорида

June 10, 2023
1 min read

Доверливите документи кои ги чувал Трамп се однесувале на: Нуклеарните програми на САД, одбранбените и вооружени способности, потенцијалните слабости на САД и сојузниците при евентуален воен напад и планови за евентуална одмазда како одговор на напад од странски сили

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Новото обвинение за поранешниот американски претседател Доналд Трамп се однесува на лошо постапување и чување на стотици доверливи документи на САД, вклучително и за нуклеарните тајни и воените планови.

Медиумите денеска објавија детали од обвинението кое се состои од 37 точни (кривични дела). Станува збор за документи кои Трамп ги чувал на неговиот приватен имот на Флорида каде дел од нив биле и во салата за бал и во бањата.

Обвинението има и делови кои се однесуваат и на тоа што тој ги лажел истражителите и се обидел да ја попречи истрагата на тој начин што му сугерирал на неговиот адвокат да ги „скрие или уништи“ или да им каже на истражителите дека ги нема документите.

Доверливите документи кои ги чувал Трамп, пишува Би-би-си, се однесувале на: Нуклеарните програми на САД, одбранбените и вооружени способности, потенцијалните слабости на САД и сојузниците при евентуален воен напад и планови за евентуална одмазда како одговор на напад од странски сили.

Според обвинителите кои го гонат експретседателот, Трамп кога ја напуштил функцијата зел околу 300 доверливи досиеја кои ги чувал на неговиот луксузен имот во Палм Бич, Флорида.

Покрај за Трамп, обвинение во истиот случај беше поднесено и за неговиот личен помошник Волт Наута, кој се гони дека ги преместувал документите со цел да ги скрие од ФБИ.

Трамп вчера се огласи за ова обвинение велејќи дека зад него стои коруптивната администрација на актуелниот претседател Џо Бајден. Тој наведе и дека има покана да се јави во судот во вторник.

Трамп претходно беше обвинет и од Окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порноѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид го потврди и второто засилување за наредната сезона

Следно

По лидерската меѓу Ковачевски и Мицкоски, попладнево заседава раководството на ДУИ

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop