Хил: Имаме суштински проблем со премиерот на Косово

June 8, 2023
2 mins read

Последните денови, вели амбасадорот во интервју за Гласот на Америка, има намалување на тензиите на северот на Косово, претежно од српска страна, додавајќи оти е многу важно и косовската страна да направи чекор во таа насока

Мислам дека имаме суштински проблеми со премиерот на Косово Албин Курти и прашање е дали Соединетите Американски Држави можат да сметаат на него како на партнер, вели американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил во интервју за Гласот на Америка. 

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил/Фото: EPA/MATTHEW CAVANAUGH

Тој вели оти не се сеќава на толку длабоки поделби меѓу Приштина и Вашингтон, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).  

Американскиот амбасадор оценува дека Србија покажала конструктивен и партнерски однос во врска со деескалацијата на актуелната криза на северот на Косово, но дека од неа сепак се очекува да ги признае косовските документи и да не го спречува членството на Приштина во меѓународните организации.  

Интервјуто на Хил следува откако неделава американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак презентираа предлози до Белград и Приштина за деескалација на тензиите на северот на Косово, нови избори на кои ќе учествуваат и Србите и враќање на дијалогот за нормализација. 

 „Мислам дека имаме проблем со господинот Курти, кој не покажува волја да го прифати тоа. Ми се чини дека имаме некои суштински проблеми со него, дали можеме да сметаме на него како на партнер. Но, таа одлука ќе и ја препуштам на нашата (американската) амбасада во Приштина“,

вели Хил.  

Во Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, општини на северот на Косово каде живеат мнозинство Срби, тензиите ескалираа на 26 мај, кога градоначалниците Албанци со помош на косовската полиција ги презедоа функциите во општинските згради, потег кој наиде на жесток отпор кај локалното население.  

Србите во овие три општини од тогаш секојднево организраат протести пред општинските згради, а на 29 мај тие се судрија со припадници на мисијата на НАТО на Косово – КФОР. Во инциднетите беа повредени десетици од двете страни. 

Последните денови, вели амбасадорот на САД во Белград, има намалување на тензиите на северот на Косово, додавајќи дека е многу важно косовската страна да направи чекор во таа насока.  

 „Има деескалација, секако на српска страна, а очекувањата на Европската Унија и на САД се дека Косово ќе направи чекор во таа насока. Многу е важно специјалната полиција да се повлече од општинските згради. Исто така, градоначалниците треба да ги напуштат општинските згради, а тоа мора да се случи  кога- тогаш.. И третото, малку потешко прашање, дали можете да одите на нови избори“,

вели Хил. 

Тој посочува дека српската страна јасно ставила до знаење дека е важно формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство. Сепак, вели Хил тоа „сè уште претставува проблем“ за премиерот на Косово, иако „сите други разбираат дека тоа е неопходно“. 

Косовскиот премиер Албин Курти се изјасни за одржување нови избори во четири општини на север – Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток, Северна Митровица – и за намалување на присуството на полицијата. Но, за тоа побара, како што рече, „српските криминални банди“ или да си заминат или да бидат уапсени. 

 Косовскиот премиер рече и дека новите избори треба да бидат „демократски и фер“ и дека треба да има слободна изборна кампања. Сепак, тој се пожали дека Ескобар и Лајчак доаѓаат во Приштина „со барањата на другата страна“. 

 Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Ескобар, на 7 јуни повтори дека мора да се формира Заедница на општини со српско мнозинство и дека „единствено прашање е дали тоа ќе се случи со оваа или со друга влада на Косово“. 

 Заедницата на општините со српско мнозинство беше договорена во 2013 година како дел од дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализација на односите. 

 И покрај бројните повици на меѓународната заедница за спроведување на тој договор, Косово категорично одбива со образложение дека Заедницата ќе има широки овластувања, што ќе ја загрози внатрешната функционалност на земјата. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Бреме“ од Мила Јовановиќ – Миленковиќ, „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“ од Мики Душански избрани на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст

Следно

Бугарија има двотретинско мнозинство за смена на Румен Радев

Latest from Blog

Силен земјотрес го северниот дел на Пацификот, Јапонија издаде предупредување за цунами

Јапонија издаде предупредување за цунами во неделата откако земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди Северниот Пацифик. Земјотресот се случил околу 17:03 часот по локално време во водите крај Ивате, а

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема

„ПОНЕСЕТЕ ЗАЛИХИ ОД ХРАНА И ВОДА“: Патници се плашат од чекање со часови на границите поради EES

Агонијата на туристите кои чекаа повеќе од 10 часа на унгарскиот дел од граничниот премин Хоргош, за жал, би можела да стане „нова нормалност“ кога станува збор за влез во земјите од

Речиси 1 милион лица евакуирани на Филипини поради страшниот тајфун

Речиси еден милион луѓе се евакуирани на Филипините пред доаѓањето на супертајфунот Фунг-вонг, кој предизвикува силни ветрови и поплави во некои делови од земјата, објавија денес тамошните власти. Досега се евакуирани 916.863

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика, потребно е партијата да се огради од него и да го искорени заевизмот

СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу
Go toTop