Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива во Донецк

June 5, 2023
1 min read

Засега нема коментар од Украина. Не е јасно дали наводниот напад претставува почеток на долгоочекуваната украинска контраофанзива за повторно заземање на дел од територијата преземена од руските сили по инвазијата во февруари 2022 година

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили спречиле голема украинска офанзива во регионот Донецк и дека убиле стотици украински војници. Во соопштението на Министерството се вели дека Украина го започнала нападот во неделата (4 јуни), користејќи шест механизирани и два тенковски баталјони.

Русија тврди дека спречила голем напад на украинските војници во југоисточниот регион Донецк
Илустративна фотографија: EPA-EFE/STR

„Утрото на 4 јуни, непријателот започна голема офанзива во пет сектори на фронтот во јужниот правец на Донецк. Целта на непријателот беше да ги пробие нашите одбранбени линии на според него, најранливиот дел од линијата на фронтот. Но, непријателот не ги постигна своите задачи – немаше успех“,

соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Министерството за одбрана на Русија додаде дека во нападот руските сили убиле 250 украински војници, но и дека уништиле 16 тенкови, борбени возила на пешадијата и 21 оклопно борбено возило.

Засега нема коментар од Украина.

Не е јасно дали наводниот напад претставува почеток на долгоочекуваната украинска контраофанзива за повторно заземање на дел од територијата преземена од руските сили по инвазијата во февруари 2022 година.

Официјален Киев неодамна соопшти дека Украина е подготвена да ја започне својата контраофанзива против руските сили, но не откри кога би можела да се случи.

Во изјава за Би-би-си на 27 мај, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, не именуваше датум за најавуваната контраофанзива, но кажа дека нападот за враќање на територијата од окупаторските сили на рускиот претседател би можела да започне „утре, задутре или за една недела“.

Порача дека Украина не смее да направи грешка со одлуката бидејќи, како што рече, ова е историска можност што не смее да се изгуби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јулијан Нагелсман ќе биде новиот тренер на ПСЖ

Следно

Дваесет и една година од основањето на ДУИ – раководството и фракцијата ќе го одбележат на одделни настани

Latest from Blog

Мицкоски: Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот

По повод денот на Свети Климент Охридски упатувам искрени честитки до сите граѓани. Делото на овој голем просветител претставува трајна вредност и инспирација за неговата посветеност кон знаењето, духовноста и развојот на

Нови 243 содржини на македонски јазик на Википедија создадени за време на Вики-кампот на Попова Шапка

Преку создавање статии, дискусии и предавања, не само што ја збогатуваа Википедија, туку учесниците имаа можност и да дознаат повеќе за занаетчитството преку едукативни предавања, информираат од Викимедија МКД, невладина организација која

Ескалација на југоистокот – Тајланд започна воздушни напади, прекинат е „Трамп“ договорот за примирје

Мирот во Југоисточна Азија е прекинат. Тајланд започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако пропадна кревкото примирје кое во октомври го исдејствуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Илјадници цивили повторно се
Go toTop