Мицкоски за пораките од Марфи и од Сарацин: На ниту една средба не сум добил аргумент дека мојата позиција за Уставот е инаетење

June 3, 2023
2 mins read

Досега немам слушнато аргумент со кој ќе можат да ме убедат дека јас ова што го зборувам е инаетење, своеглавие и дека на овој начин јас, практично, можам да кажам, да го променам ставот на која било влада, дали германската или американската, поврзан со ориентацијата на Македонија – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека на средбите што ги имал со претставници на меѓународната заедница, на кои се зборувало за уставните измени, тој не добил аргумент дека неговата и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е позиција на инаетење. Ова го кажа Мицкоски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, прашан за тоа како ги разбира пораките од германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Емануел Сарацин, и американскиот сенатор Крис Марфи дека неизгласувањето на уставните измени ќе го постави прашањето за вистинската посветеност на земјата на европскиот пат.

„Секоја порака на наш стратешки пријател јас ја слушам, детално ја анализирам и, ако конкретно ме прашувате, со господинот Марфи не успеав да се видам, тој се виде со некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ми е пренесено што е разговарано на таа 30-минутна средба. А, со господинот Сарацин сум имал можност неколкупати да разговарам. Верувајте ми, досега немам слушнато аргумент со кој ќе можат да ме убедат дека јас ова што го зборувам е инаетење, своеглавие и дека на овој начин јас, практично, можам да кажам, да го променам ставот на која било влада, дали германската или американската, поврзан со ориентацијата на Македонија. Ако е проблем да си го бранам мојот идентитет и ако е проблем да се борам за мојот народ, тогаш очекувам малку повеќе симпатија од истите овие луѓе, од истите овие сојузници, кон овој народ кој толку многу дал за тие европски вредности повеќе од три децении. Малку повеќе симпатии и малку повеќе време од тие четири часа поминати во Македонија“, рече Мицкоски во интервјуто за „360 степени“.

За време на последната посета на земјава, Сарацин се сретна и со Мицкоски. По состаноците, Сарацин за „360 степени“ изјави дека на сите соговорници им пренел дека нема време за губење и дека доколку ова лето уставните измени не се спроведат успешно, ќе има многу тешкотии во наредниот период и многу нејаснотии за патот на Северна Македонија.

„Важно е да се каже дека одлуката што ќе ја преземе Северна Македонија ние ќе треба да ја почитуваме. Но, исто така, таа ќе биде и толкувана – ако има „не“ за уставни измени, на пример, при гласањето во парламентот, секако дека тоа ќе го толкуваме како знак дека сега, во моментот, не сакаат да одат напред кон ЕУ. Тоа наведува кон прашањето – кој ќе биде патот на земјата ако таа не сака да напредува кон ЕУ? Всушност, немам одговор за тоа и многумина во Северна Македонија ќе го постават тоа прашање, но и во Германија и во ЕУ. Мислам дека треба да избегнеме покренување на ова прашање“, рече Сарацин на 18 мај годинава.

Мината седмица сенаторот Марфи беше уште подиректен порачувајќи дека уставните измени се неопходност без кои американско-македонските односи ќе бидат ставени под знак прашалник.

„Сакам да бидам јасен за влијанието врз односите со САД ако С Македонија избере друг пат – ако се реши против уставни измени, ако заталка од патот кон ЕУ. Тоа би било загрижувачки за една членка на НАТО, земја за која се обврзавме дека ќе ја браниме врз основа на заедничките вредности“, кажа американскиот сенатор на 26 мај 2023 г.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рамос потврди: Утре се збогувам со ПСЖ!

Следно

УЕФА покренува дисциплинкска постапка против Мурињо, Рома и Севиља

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop