Денеска ќе биде погребан поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти

January 5, 2023
1 min read

Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуват денеска во Ватикан на погребот на упокоениот папа Бенедикт Шеснаесетти.

Церемонијата ќе ја води актуелниот папа Франциск.

Според најавите, самата церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти. Најавено е присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија ќе биде претставена од претседателот Серџо Матарела, Германија од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а Франција од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. На церемонијата ќе присуствуваат и кралот на Белгија – Филип, претседателите на Полска и на Того, поранешната шпанска кралица Софија. На погребот ќе присуствува и Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА. Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Префектурата Рим очекува денеска во Ватикан да дојдат сто илјади луѓе. Во трите дена колку што беа изложени посмртните останки, од поранешниот папа се простија околу 200 илјади верници.

Церемонијата на погребот ќе започне во 8:50 часот по локално време. Ковчегот со смртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде изнесен на плоштадот „Свети Петар“, каде ќе се служи миса на која ќе учествуваат повеќе од четири илјади кардинали, бискупи и свештеници. Литургијата ќе биде отслужена според латински ритуал, но на повеќе јазици.

Според традицијата, Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези. Неговото тело е положено во ковчег од дрво од чемпрес, во кој има монети исковани за време на неговото папство, потоа неговиот палиум (литургиска облека) и метален цилиндар со текст со детали за годините кога тој беше на чело на Римокатоличката црква. Тој ковчег од чемпрес потоа ќе биде ставен во поголем ковчег од цинк, кој пак ќе биде сместен во уште поголем дрвен ковчег.

Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во криптата на базиликата „Свети Петар” на местото каде некогаш бил погребан папата Јован Павле Втори. Тоа место беше испразнето откако посмртните останки на Јован Павле Втори беа преместени во капелата во базиликата.

За обредот папите да се погребуваат во три ковчези, теологот Бери Етериџ од Универзитетот во Кент вели дека првиот ковчег од чемпрес симболизира дека папата е обичен смртник, како и сите други. Вториот ковчег, кој обично е или цинк или олово, симболизира долготрајност. На него е поставен едноставен крст и плоча со името на папата и времетраењето на неговиот понтификат. Третиот дрвен ковчег обично се прави или од костен или од брест и го симболизира папското достоинство. Окован е со шајки и клинови од чисто злато.

Предвидено е погребот да го следат повеќе од илјада новинари од 30 земји. За безбедноста се мобилизирани илјада полицајци, на кои ќе им помагаат волонтери од италијанската цивилна одбрана.

Во Германија епископската конференција ги повика црквите во земјата да ѕвонат во 10 часот по Гринич во спомен на Џозеф Рацингер (како што беше световното име на папата Бенедикт XVI). Денеска знамињата во Италија се на половина копје, а во Португалија е прогласен ден на национална жалост.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Да беше ученик ќе беше „седи единица“: Ја почнуваме годината со „махерски“ паркирања во Скопје!

Следно

Сончево и ветровито, стабилно време до недела

Latest from Blog

Утре попладне се очекува нестабилно време со краткотраен пороен дожд и грмежи

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќедува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. Времето и метеоролошките параметри

Парите влегуваат тешко: Apple Pay доаѓа, но македонските хонорари остануваат заглавени

Македонската финтек‑заедница ја дочекува есента со дигитален флерт: Apple Pay, бесконтактниот џебен паричник на „Епл“, треба да стане оперативен во земјава во септември 2025 година. Народната банка ги потврди последните тестови, а гувернерот Трајко Славески

Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато

Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата. Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските

ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27

Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските

Американскиот претседател Трамп најави ослободување на уште 10 заробеници од Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе бидат ослободени уште 10 заробеници од Појасот Газа, известува Анадолу. За време на состанокот со републиканските сенатори во Белата куќа, Трамп
Go toTop