„Репортер“: Градоначалникот на Љубљана е еден од најмоќните луѓе во Словенија

January 16, 2023
1 min read

Словенечкиот неделник „Репортер“ објави дека долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ е меѓу 10. најмоќни луѓе во Словенија, а за тоа говори фактот што доби јавно извинување од министерот за здравство на Словенија, Данијел Бешиќ Лоредан.

„Репортер“ наведува дека јавното извинување е понижувачко за министерот за здравство, а всушност е јавна демонстрација на сила.

Лоредан Бешиќ го критикуваше Јанковиќ дека е одговорен за кадровските проблеми во љубљанскиот Здравствен дом, како и оти сака да затвори два единици од здравствениот дом и да го продаде земјиштето на кое се наоѓаат, што Јанковиќ „со згрозување“ го отфрли.

„Репортер“ тврди дека реформата во здравството што ја најавија актуелниот премиер Роберт Голоб од Движењето за слобода (ГС) и неговиот сопартиец, вицепремиерот и министер за здравство Даниел Бешиќ Лоредан, ќе бидат одлучувачки за успехот или неуспехот на словенечката Влада.

Владата на Голоб, формирана по парламентарните избори во април 2022 година, според предвидувањата на економистите, се очекува да се соочи со многу други искушенија поврзани со војната во Украина, енер гетската криза и кризата со снабдувањето со храна.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во хотел на подрачје на Центар: Две лица насилно одзеле пари од 53-годишник

Следно

Бујар Османи на средба со Зеленски: „Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата“

Latest from Blog

Аргентина со нов уникатен рекорд: 13 натпревари на Мундијалите со два или повеќе гола!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Финалистот на ова Светско првенство, селекцијата на Аргентина, ја продолжи својата рекордна серија на натпревари со постигнати два или повеќе гола на Светските првенства. Во полуфиналето

САД започнаа со нова серија напади врз Иран

„Денес во 14 часот по источно време (ET), американските сили започнаа нов бран напади врз Иран, петта ноќ по ред, со цел дополнително деградирање на иранските воени капацитети“, соопшти CENTCOM во објава

Божиновска во интервјуто за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

Патот на Сања Божиновска не може да се гледа само низ нејзината кариера, туку и низ искуствата, вредностите и изборите што ја обликувале како професионалец и лидер. Во разговорот таа се осврнува

Скалони: Ние сме посебни, тоа не е ароганција – тоа е срце!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше своите емоции по победата на неговиот тим од 2:1, со која „гаучосите“ стигнаа до второто последователно финале на Светското првенство. Обраќајќи се пред
Go toTop