Повлечени се преку 300 студии за ковид

May 31, 2023
1 min read

Научни журнали и истражувачките списанија повлекле над 300 статии за ковид-19 поради компромитирани етички стандарди и сомнителна научна валидност на публикациите.

Повлечени се трудови кои се движат од „Акутна повреда на бубрезите поврзана со ковид-19“ до „Дали вашата вештачка интелигенција може да разликува мачки од ковид?“

Досега се повлечени вкупно 330 истражувачки трудови.

За време на пандемијата, истражувачи правеа компромиси со етичките стандарди во желба да бидат објавени и популаризирани во време кога постоеше огромен интерес за вирусот.

Во пандемиојата биле објавени меѓу 90.000 и 300.000 трудови за ковидот, многу повеќе отколку за која било друга пандемија.

Меѓу журналите кои објавуваа фалични студии, се лизна и престижниот Лансет објавувајќи студија поради која СЗО го сопре тестирањето на ефикасноста на хидроксихлорокин. Студијата, заснована на мала но битна измама во истражувањето, порачуваше дека  лекот го зголемува ризикот од срцева аритмија и смртност кај пациентите со ковид.

Штетата е направена и уште долго ќе биде присутна. Утврдено е дека дури и кога некоја студија ќе биде повлечена, таа продолжува да биде цитирана, во просек во седум други студии.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ретроспектива на Владимир Темков во Чифте амам

Следно

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО на неформален состанок во Норвешка

Latest from Blog

Карл Билд: Сè укажува дека Доналд Трамп ќе ја нападне Венецуела

Поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билд, денес изјави дека очекува напади од САД врз Венецуела. „Сè укажува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе изврши напади во Венецуела. Тој ја овласти

Администрацијата на Трамп планира мисија во Мексико против нарко-картелите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна детално да планира нова мисија во која американски војници и разузнавачи би биле испратени во Мексико за борба против нарко-картелите, потврдија двајца американски функционери и
Go toTop