Јапонскиот премиер го отпушти сопствениот син поради непримерни фотографии

May 30, 2023
2 mins read

Кишида рече дека жестоко го прекорил својот син, но тоа не успеало да ги смири критиките од јавноста и од опозициските пратеници кои го обвинија за непотизам. Шотаро почна да работи за својот татко во март 2020 година, откако ја напушти работата во трговска куќа, при што Кишида инсистираше дека го назначил својот син за извршен секретар за политика поради неговата „личност и увид“

Најстариот син на јапонскиот премиер Фуми Кишида, ќе се повлече од функцијата извршен секретар за политика по негодувањето од јавноста поради неговата употреба на службена резиденција за приватна забава. Фотографиите објавени од неделникот „Шукан Буншун“ го покажуваат Шотаро Кишида и десетина други како позираат или лежат на симболично важните скали на резиденцијата покриени со црвени тепих.

На овој начин сакаа да имитираат групни фотографии од новоименуваниот кабинет, а во центарот е Шотаро, позиција резервирана за премиерот. На други фотографии направени на забавата одржана на 30 декември минатата година се гледаат гости како стојат на подиумот како да одржуваат прес-конференција, пишува „Гардијан“.

Оставката на Шотаро Кишида е удар за неговиот татко, чиј рејтинг се подобри по самитот на Г7 овој месец во Хирошима и наводниот обид за атентат врз него.

„Со оглед на тоа што тој е секретар за политички прашања (на премиерот), што е јавна функција, неговите постапки беа несоодветни и решив да го сменам за да преземам одговорност. Се разбира, одговорноста за назначувањето е на мене“,

рече Фумио Кишида.

Ова не му е прв скандал

Тој најави дека неговиот син во четврток ќе биде заменет од долгогодишниот личен асистент Такајоши Јамамото. Главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно претходно го опиша настанот како „несоодветен“ и вети дека ќе се погрижи резиденцијата повторно да не биде злоупотребена.

Зградата стара речиси 100 години претходно служеше како премиерска канцеларија, а беше претворена во станбен простор во 2005 година кога беше изградена нова канцеларија. Ова не беше првпат 32-годишниот Шотаро да биде критикуван за злоупотреба на службената положба.

Во јануари, тој беше критикуван дека користел автомобил од амбасадата за приватни патувања во Обединетото Кралство и Париз и за купување сувенири за членовите на кабинетот во луксузна стоковна куќа во Лондон.

Именување на членови на семејството вообичаено е во јапонската политика

Кишида рече дека жестоко го прекорил својот син, но тоа не успеало да ги смири критиките од јавноста и од опозициските пратеници кои го обвинија за непотизам. Шотаро почна да работи за својот татко во март 2020 година, откако ја напушти работата во трговска куќа, при што Кишида инсистираше дека го назначил својот син поради неговата „личност и увид“.

Скандалот може да ги ублажи шпекулациите дека Кишида планира да распише предвремени избори за Долниот дом по генерално позитивните критики за неговиот настап за време на самитот на Г7 во Хирошима, кој беше од затворен тип затоа што таму лично се појави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шотаро ја презеде функцијата секретар за политика во октомври минатата година. Тоа е едно од осумте секретарски позиции. Именувањето на членовите на семејството како чекор кон нивно уредување како наследници е вообичаено во јапонската политика, која има голем дел наследни законодавци. Шотаро претходно беше приватен секретар на неговиот татко.

Фото: EPA-EFE/Shuji Kajiyama / POOL

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Блинкен ѝ порача на Турција веднаш да го одобри приемот на Шведска во НАТО

Следно

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Latest from Blog

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!  Енергија, хитови и

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“

Министерството за финансии на САД претходно објави дека САД нема да му издадат лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно

Проданоски: Грижата за најмладите останува наш врвен приоритет

Во Општина Прилеп денес беше презентиран уште еден реализиран проект во насока на подобрување на образовната инфраструктура. Во ООУ „Добре Јованоски“ целосно е реконструиран дотраениот помошен објект во задниот двор на училиштето,

Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

Селекторот на фудбалската репрезентацина на Англија, Томас Тухел за квалификациските мечеви против Албанија и Србија на својот список стави имиња кои ја изненадија јавноста на Островот. Адам Вортон првотимецот на Кристал Палас

Божиновска во Атина: Македонија ја зацврстува позицијата во енергетската дипломатија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на P-TEC енергетскиот форум во Атина, каде што го претстави ставот на Македонија како активен и доверлив партнер во регионалната енергетска соработка
Go toTop