(ВИДЕО) Нови тензии на северот на Косово: Полицијата со солзавец растеруваше граѓани, врие од припадници на КФОР

May 29, 2023
2 mins read

Ситуацијата, според српските медиуми, е напната. Локалните Срби од овие општини денеска се собраа повторно да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нови тензии утринава на северот на Косово во општините со мнозинство српско население. Косовската полиција утринава употребила солзавец за да ги растера граѓаните откако КФОР им дозволи да се соберат пред зградата на општината во Звечан.

Како што јавуваат српските медиуми, војниците на КФОР, со опрема за разбивање демонстрации, како и припадници на косовската полиција, се распоредени пред општинските згради во Звечан, како и во Лепосавиќ и Зубин Поток каде денеска локалните Срби повторно се собраа да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април, кои српското население ги бојкотираше.

Покрај пред општините, како што јавува РТС, полицијата распоредила специјалци на сите поголеми раскрсници на северот во Косово.

Ситуацијата, според српските медиуми, е напната, а во прекин е и наставата во сите основни и средни училишта, како и во градинките.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, утрово разговарал со припадниците на мировната мисија на КФОР во Звечан.

Како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), тој, наводно, рекол дека барањето на тамошните Срби е новиот градоначалник на оваа општина Илир Пеци да не влегува во општинската зграда. Тој, исто така, побарал од КФОР косовската полиција да ги повлече специјалните единици од оваа област.

Во петокот, по обидите на граѓаните од северот од Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец и шок бомби.

Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив внесе градоначалници Албанци.

По тензиите, српскиот претседател Александар Вучиќ ја подигна борбената готовност на Армијата.

Меѓународната заедница ја повика Владата на Косово да се откаже од одлуките и да не се обидува „насилно да влезе“ во општинските згради, додека Приштина го бранеше ставот новите градоначалници да одат во нивните канцеларии.

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг, вчера, го повика Косово да не презема „еднострани и дестабилизирачки чекори“ на северот на Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека ја разбира загриженоста на меѓународните партнери, но „секоја друга опција би била неисполнување на уставните обврски“.

Локалните избори на северот се одржаа откако во ноември минатата година откако градоначалниците на четири северни општини, од Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, поднесоа оставка.

Оваа партија ги напушти сите институции на Косово, поради одлуката на Владата во Приштина да го спроведе процесот на пререгистрација на автомобили со српски регистарски таблички.

Вчера, во изјава регионалниот сервис на РСЕ, специјалната известувачка за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, рече дека новите албански градоначалници во општините во мнозинско српско население на северот на Косово можеби имаат право да ги извршуваат своите функции, но ако нивниот влез во општинските згради е можен само со присуство на вооружени полициски сили, тогаш тие имаат нула политички легитимитет.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сирија: Израел истрела ракети во околината на Дамаск, ние ги соборивме

Следно

Ердоган: „Победи Туркије, победи нашата демократија“

Latest from Blog

Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато

Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата. Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските

ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27

Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските

Американскиот претседател Трамп најави ослободување на уште 10 заробеници од Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе бидат ослободени уште 10 заробеници од Појасот Газа, известува Анадолу. За време на состанокот со републиканските сенатори во Белата куќа, Трамп

„Гласоечкото пеење Долни Полог” и орото „Копачка“ од Делчево, впишани како културни добра на УНЕСКО, ќе се претстават во Хрватска

Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со „Меѓународна смотра на фолклорот” – најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц, во рамки на официјалната програма од неговото 59. издание денеска со трибина

И денеска „Марш за ангелите“ во Кочани за болката и за борбата за правда и за фаталната реакција на институциите

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица помеѓу кои шест деца, вечер ќе го одржи 15. Марш на ангелите –
Go toTop