Сирија: Израел истрела ракети во околината на Дамаск, ние ги соборивме

May 29, 2023
1 min read

Израел со години ја ракетира Сирија, тврдејќи дека напаѓа цели поврзани со Иран. Влијанието на Техеран во земјата разурната од војна се зголеми откако застана на страната на претседателот Башар ал Асад во конфликтот во 2011 година

Сириските државни медиуми објавија дека противвоздушната одбрана на земјата вчера се соочила со израелски ракетен напад во околината на главниот град Дамаск. Според извештаите, немало жртви.

Повикувајќи се на извор од сириската армија, државните медиуми пишуваат дека Сирија била нападната од правец на окупираната Голанска висорамнина и дека на мета биле неколку цели кои тие не ги идентификувале.

„Нашата противвоздушна одбрана се соочи со ракетите на агресорот, соборувајќи неколку од нив само со материјална штета“,

тврди воен извор.

Израел со години ја ракетира Сирија, тврдејќи дека напаѓа цели поврзани со Иран. Влијанието на Техеран во земјата разурната од војна се зголеми откако застана на страната на претседателот Башар ал Асад во конфликтот во 2011 година.

Израелски воени експерти посочуваат дека целта на нападот е да се запре растечкото воено присуство на Иран во Сирија.

Борците поврзани со Иран, вклучително и од Хезболах, сега контролираат области на исток, југ и северозапад од Сирија, како и неколку предградија околу Дамаск, пишува Ројтерс.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скамака на местото на Влаховиќ во Јувентус

Следно

(ВИДЕО) Нови тензии на северот на Косово: Полицијата со солзавец растеруваше граѓани, врие од припадници на КФОР

Latest from Blog

Велосипедисти од Северна Македонија и Бугарија што тргнаа на „тура на лојалност“ пристигнаа во Едрене

ЕДРЕНЕ (АА) – Љубителите на велосипедизам од Северна Македонија и Бугарија организираа „тура на лојалност“ за да го одржат во живот споменот на својот пријател што го загубил животот додека спортувал, известува

Помладиот брат на Белингем ќе премине во Борусија за 30 милиони евра

Фудбалерот од средниот ред на Сандерленд, Џоб Белингем, одлучи кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд, објави „Билд“. Според новинарот на „Sky Sport“, Патрик Бергер, трансферната сума ќе биде околу 30 милиони

Израелски печат: Отпуштени тројца високи функционери на американската администрација поддржувачи на Израел

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот печат тврди дека се отпуштени тројца високи функционери на американската администрација што го поддржуваат Израел поради несогласувања во врска со „Иран и Газа“ меѓу претседателот на САД, Доналд
Go toTop