Вонреден надзор во КПД Идризово по бегството на Беким Мемети

January 16, 2023
1 min read

Управата за извршување на санкциите на 13-ти овој месец спроведе вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бегството на осуденото лице Беким Мемети, информираат денеска од Министерството за правда.

Со оглед на фактот, како што велат од Министерството за правда, што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не биле во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа.

-Со ова соопштение сакаме да нотираме во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата, истакнуваат од Министерството за правда.

Како што е наведено во соопштението, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана.

-Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана, посочуваат од Министерството за правда.

Следното правило што не е испочитувано, како што е посочено во соопштението, е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција.

– Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се додава во соопштението.

Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета: Развиениот свет стравува од иднината

Следно

Мигрантското прашање во фокусот на надлежните министри од Грција и Бугарија

Latest from Blog

ВЛЕН најавува засилена мобилизација и активности на терен

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека по одржувањето на Конгресот на Обединувањето со засилен интензитет продолжува со политичките и организациските активности на терен, во целосна координација со партиските структури низ државата. Од ВЛЕН информираат

Туристички викенд во полн ек: Автопатот Охрид-Кичево преполн со автомобили

Новиот автопат Охрид-Кичево викендов бележи голема фреквенција на возила, а бројни туристи веќе се упатија кон Охрид и туристичките центри на југозападот од државата. На видеото кое го добивме од странски турист

Милан почнал преговори со Покетино

Милан продолжува со потрагата по нов главен тренер и веќе го контактираше Маурисио Покетино, кој моментално ја предводи репрезентацијата на САД. Според Николо Шира, првичните разговори меѓу страните биле позитивни. Аргентинскиот тренер

Голем пожар во Далас: Густ чад се издигаше од станбениот комплекс (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во станбен комплекс во Далас, со пламен и густ црн чад што се издигаа кон небото, објавија американските медиуми. Жителите во областа пријавиле дека слушнале силен тресок што звучел

Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година: Може да му се одзеде ако се докаже дека е стекнато со измама

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски благодарение на унгарското државјанство кое го добил во 2022 година. За тоа дека Груевски поседува унгарско државјанство објави „Фокус“ на 21 април,
Go toTop