Втор круг од претседателските избори во Турција

May 28, 2023
1 min read

Во вториот изборен круг Ердоган влегува како фаворит и сè уште ги држи уздите на власта, спротивно на анкетите кои пред две недели предвидуваа дека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу ќе го спречи да освои трет мандат

Во Турција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои над 64 милиони гласачи ќе можат да го изберат шефот на државата.

Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време (7 по средноевропско), а ќе се гласа до 17 часот (16 ч. по средноевропско време).

Трката се одвива меѓу Реџеп Таип Ердоган, актуелниот шеф на државата и кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу.

Гласачки ливчиња за претседателски кандидати на избирачко место во Анкара, Турција. ФОТО: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Пред две недели се одржаа парламентарните и првиот круг од претседателските избори во Турција. 

Ердоган освои мнозинство во Парламентот, додека за претседателската трка се одржува втор круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство, односно повеќе од 50 отсто од гласовите. Тој водеше во првиот круг со освоени 49,52 отсто од гласовите.

Ердоган влегува во вториот изборен круг како фаворит и сè уште ги држи уздите на власта, спротивно на анкетите кои пред две недели предвидуваа дека опозицискиот кандидат Киличдароглу ќе го спречи да освои трет мандат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема чистка во Баерн: Легендите добија отказ половина час по освојувањето на титулата

Следно

Отворени гласачките места во 2. круг од гласањето за претседател на Република Туркије

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop