Српскиот министер за обрана Милош Вучевиќ е нов претседател на владејачката СНС

May 27, 2023
1 min read

Вучевиќ рече дека политиката на СНС нема да се промени и дека партијата го поддржала предлогот на нејзиниот досегашен лидер и претседател на Србија, Александар Вучиќ, да учествува во формирањето на Народното движење

Претходно на партискиот состанок на СНС, оставка од партиската функција поднесе претседателот на Србија и сега веќе поранешен лидер на партијата, Александар Вучиќ. Тој го најави своето заминување од лидерската позиција во партија уште минатиот месец, а вчера го потврди на митингот во Белград, порачувајќи им на неговите поддржувачи оти за последен пат им се обраќа како претседател на Српската напредна партија

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, е избран за претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС), откако досегашниот лидер Александар Вучиќ поднесе оставка од партиската функција.

Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија и лидер на Српска народна партија (СНС)

Изборот на нов претседател на СНС не е дисконтинуитет на партијата, туку отворање ново поглавје, порача Вучевиќ откако беше избран за нов партиски лидер.

Нагласи дека политиката на СНС нема да се промени и дека партијата го поддржала предлогот на нејзиниот досегашен лидер и претседател на Србија, Александар Вучиќ, да учествува во формирањето на Движењето за народот и државата, односно Народното движење.

Вучевиќ најави дека конституирањето на партиските тела ќе се случи на 24 јуни, а кон крајот на јуни, како што нагласи, ќе се случи приклучувањето на големото Народно движење кое, како што рече, го разбираат како повик за зајакнување на политичкиот фронт за државата.

Претходно на партискиот состанок на Српската напредна партија, оставка од партиската функција поднесе претседателот на Србија и сега веќе поранешен лидер на СНС, Александар Вучиќ.

Вучиќ го најави своето заминување од лидерското место во партија уште минатиот месец, а вчера го потврди на митингот во Белград, порачувајќи им на неговите поддржувачи оти за последен пат им се обраќа како претседател на Српската напредна партија.

Вучиќ заедно со поранешниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, е еден од основачите на СНС. Пред тоа, тие беа високи функционери на десничарската Српска радикална партија, на чело со хашкиот осуденик Воислав Шешељ. Вучиќ беше избран на челната позиција во СНС во мај 2012 година, кога партијата дојде на власт. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Заедно сме Туркије до последниот здив

Следно

Донарума: Искрено се надевам дека ќе останам во ПСЖ долго време

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop