Работната група ја усвои предлог-иницијативата за уставни измени – на ред е Владата да ја проследи до Собранието

May 26, 2023
1 min read

Од Министерството за правда кратко соопштија дека предлогот сега ќе биде доставен до Владата, за понатаму иницијативата да се проследи до Собранието каде што ќе треба да ги помине сите работни тела

Работна група за уставни измени

Предлог-иницијативата за уставни измени со кои Бугарите и други народи ќе се внесат во Преамбулата од Уставот доби зелено светло од работната група.

Сега, на ред е Владата предлогот да го достави во Собранието.

„Работната група на денешната седница ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела“,

соопштија од Министерството за правда попладнево.

Додека работната група денеска го усвојувала текстот на предлогот за уставни измени, од власта и опозицијата во јавноста ги повторија своите ставови.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека под овие услови и под бугарски диктат нема да се случи промена на Уставот, а партискиот лидер Христијан Мицкоски го повика премиерот Димитар Ковачевски да ја достави иницијативата до Собранието, а ако таму нема двотретинско мнозинство, да си поднесе оставка.

Ковачевски, пак, на седница за пратенички прашања уште еднаш упати порака дека партиите треба да го поддржат европскиот пат на државата и да им овозможат европска иднина на младите. Побара и сериозно да се сфатат пораките од САД и од членките на ЕУ и на НАТО за ова прашање.

„Сакам да ве уверам вас, како што ме уверија и мене во САД, дека за уставните измени, внесувањето во нашата Преамбула – други делови од народи кои изразиле желба за такво нешто, со оглед на тоа што ние веќе во нашата Преамбула имаме делови од други народи – дека за тоа имаме силна поддршка од сите наши стратешки партнери, со цел да донесеме одлука којашто ќе биде за нас добра, односно за просперитетот, иднината на државата и на генерации млади кои тука живеат“,

рече Ковачевски.

Пораки денеска стигнаа и од САД и од ЕУ. Американскиот сенатор Крис Марфи, кој денеска одржа низа средби во политичкиот врв во земјава, порача дека државата мора да ги спроведе техничките измени на Уставот за да ја продолжи интеграцијата во ЕУ. Исто така, тој предупреди и дека неспроведувањето на измените во Уставот ќе се одрази на односите помеѓу САД и земјава.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, пак, потенцира дека земјава со уставните измени нема да го загуби идентитетот и јазикот. Меѓутоа, покрај промените на Уставот, тој ја нагласи и важноста од реформи.

„Процесот на реформи и нивното импеемнтирање треба да се движи многу брзо. Динамиката на спроведувањето на реформите не е толку брза како што ние би сакале. Што се однесува до уставните измени, прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Со самото придвижување напред, вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата“,

изјави денеска Гир при денешната посета на Крушево.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи во улога на претседавач со ОБСЕ повика да се смират тензиите на северот на Косово

Следно

(ФОТО) Вучиќ го почна митингот со минута молчење, па најави дека од утре нема да биде претседател на СНС

Latest from Blog

Локализиран пожарот во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано

Англија едвај ја победи Андора, Кејн го постигна единствениот гол

Репрезентацијата на Англија вечерва забележа минимална победа над аутсајдерот Андора со 1:0 во квалификациите за Светското првенство 2026. Единствениот гол за гостите го постигна Хари Кејн постигна гол во 50. минута. За

Истанбул е „жива скапотија“ за нормален живот

Во мај трошоците за живот на четиричлено семејство во Истанбул достигнале 91.722 турски лири (речиси 2.500 евра), што е зголемување од 49,09 проценти во споредба со истиот месец лани, покажува истражување на
Go toTop