Еден убиен и 15 повредени, меѓу кои и две деца, во руски ракетен напад врз болница во Днипро

May 26, 2023
1 min read

Днипро во текот на ноќта бил цел на продолжен ракетен напад. Украинските сили тврдат дека собориле десет ракети и 25 беспилотни летала лансирани на нивна територија од Русија

Едно лице е убиено, а 15 се повредени во руски ракетен напад врз болница во градот Днипро, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Гардијан“.

Фотографија од погодената болница во Днипро која на Телеграм ја објави гувернерот на Днепропетровската Област, Серхиј Лисак

„Руските терористи уште еднаш го потврдуваат својот статус на борци против сè што е хумано и чесно. Ракетен напад на клиника во градот Днипро. Засега едно лице загина, а 15 се ранети. Последиците од гранатирањето се расчистуваат, а жртвите се спасуваат. Вклучени се сите потребни служби. Моето сочувство до семејството на починатиот. Овие нелуѓе мора да ги победиме неповратно и што поскоро. Затоа што нашето време е нашиот народ. А нашиот народ е најскапоценото нешто во Украина“,

објави Зеленски.

Днипро во текот на ноќта бил цел на продолжен ракетен напад. Украинските сили тврдат дека собориле десет ракети и 25 беспилотни летала лансирани на нивна територија од Русија.

На социјалните мрежи се појавија снимки од погодената болница на кои се гледаат повредени луѓе меѓу урнатините на објектот. Автентичноста на објавените видео-снимки, како што споменуваат агенциите, засега не може да биде потврдена од независни извори.

Гувернерот на Днепропетровската Област, Серхиј Лисак, споделувајќи фотографии од медицинската установа во Днипро, изјави дека меѓу повредените има и две деца.

„Еден мртов. 15 повредени. Меѓу нив има и две деца. Продолжува спасувањето на настраданите. Ова се прелиминарни податоци за последиците од ракетниот напад врз Днипро. Беа погодени две згради. Пожарот зафатил вкупно 500 квадратни метри. Спасувачите сега ги гаснат пожарите“,

изјави Лисак.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вооружен напад во Јапонија: Убиени двајца цивили и двајца полицајци

Следно

Тен Хаг задоволен од пласманот во ЛШ, но бара засилувања

Latest from Blog

„Саботажа“ во Жабени пред посетата на Мицкоски: Оштетена инфраструктура во Индустриската зона

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на

Инцидент во ИЗ „Жабени“: Две лица затекнати во забранета зона, полицијата постапува

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на
Go toTop