Борел: ЕУ веќе ѝ испрати на Украина 220 000 илјади артилериски гранати и 1 300 проектили

May 23, 2023
1 min read

Владите на Европската Унија се согласија за планот за испраќање муниција во Украина во март, откако властите во Киев предупредија дека им се потребни артилериски куршуми

Земјите од Европската унија испратија 220 000 артилериски гранати во Украина како дел од планот што беше лансиран претходно со цел да се зголеми понудата на муниција, соопшти денеска високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој додаде дека членките на Унијата испратиле и 1 300 проектили и дека се на пат да ја достигнат целта за испорачани милион парчиња муниција во период од една година, пренесува Ројтерс.

„Следните денови, недели и месеци ќе бидат стратешки одлучувачки за војната во Украина“,

рече Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

Владите на Европската Унија се согласија за планот за испраќање муниција во Украина во март, откако властите во Киев предупредија дека им се потребни артилериски куршуми.

Програмата за поддршка е вредна повеќе од две милијарди евра, пренесува Танјуг.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

(ВИДЕО) Истражување: Колку има „ситна корупција“ во Македонија – за кого гласаат, така одговараат

Следно

Битиќи: Терминот 20 проценти нема да биде заменет со зборовите „албански јазик“ во Уставот

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop