Откако Мицотакис го врати, Ципрас ќе го добие мандатот за влада, но Грција е сè поблиску со нови избори

May 23, 2023
1 min read

Веќе е извесно дека Грците ќе гласаат на втори парламентарни избори кои Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни. Тој не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска односно да не бара коалициски партнер. Со новите избори, Мицотакис тоа би можел да го постигне бидејќи на нив ќе се спроведе изборниот закон изгласан во 2020 година

Парламентарните избори во Грција се одржаа на 21 мај / Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Откако вчера актуелниот премиер и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во врати мандатот за формирање влада во Грција, според уставните процедури, претседателката Катерина Сакеларопулу денеска треба да го додели на второпласираната Сириза на Алексис Ципрас.

Сириза освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник за формирање Влада.

Веројатно е дека и Ципрас брзо ќе ѝ го врати мандатот на Сакеларопулу или воопшто нема ни да го прими, па така следна ќе биде третата партија односно ПАСОК – Движење на промена.

Откако ќе заврши циклусот со доделување на мандатот на првите три партии, предвидено е претседателката на Грција или да свика лидерска средба или да разговара со претседателите на сите партии за последен обид за формирање влада и доколку тоа е без резултат, следниот чекор е формирање службена влада со една единствена цел да ја одведе земјата на нови избори.

Веќе е извесно дека Грците ќе гласаат на втори парламентарни избори кои Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни. Тој не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска односно да не бара коалициски партнер.

Со новите избори, Мицотакис тоа би можел да го постигне бидејќи на нив ќе се спроведе изборниот закон изгласан во 2020 година и ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници како претходно, туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Артета со засилување од Манчестер Сити за наредната сезона

Следно

ВИДЕО: 30 години од историскиот меч – Вардар стана првиот клуб што го освои фудбалскиот Куп во самостојна Македонија

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop