Додик во посета на Москва – утре треба да се сретне со Путин

May 22, 2023
1 min read

Српски „Данас“ објави дека претседателот на Република Српска утре треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на средбата со други официјални лица на која, според најавите, можно е да стане збор и за цената на гасот кој Босна и Херцеговина го добива од Русија

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска пристигна во Москва, а утре треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јави „Данас“.

На почетокот на посетата, тој се сретнал и со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, кој му заблагодарил на Додик за неговата посета и истакнал дека му е драго што претседателот на Република Српска е почесен гостин на 11. меѓународен состанок на високи претставници на безбедносните прашања.

„Многу сме благодарни за вашето учество и сигурен сум дека ќе биде од интерес размената на мислења за безбедносни прашања во современите геополитички услови“,

рекол Патрушев.

Милорад Додик, претседател на Република Српска

Секретарот на рускиот Совет за безбедност нагласил дека во Москва високо го ценат партнерството во духот на довербата, што, како што кажал, е особено меѓу Русија и Република Српска.

„Задоволни сме од развојот на нашите врски кои сè повеќе добиваат стратегиски карактер“,

додал Патрушев.

Српски „Данас“ објави дека претседателот на Република Српска утре треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на средбата со други официјални лица на која, според најавите, можно е да стане збор и за цената на гасот кој Босна и Херцеговина го добива од Русија.

„На состанокот ќе се разговара и за цената на гасот. Можам да кажам дека веројатно ќе биде одобрена најдобрата цена – исто како и за пријателските земји“,

рече Душко Перовиќ, шеф на претставништвото на Република Српска во Русија во изјава за РИА Новости.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синан Оган најави поддршка за Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција

Следно

Челзи нуди 80 милиони евра за Влаховиќ

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop