Излезноста на парламентарните избори во Грција до 13:30 часот е 31,52 отсто

May 21, 2023
1 min read

Оваа година, првпат во Грција се соопштуваат податоци за излезноста додека е во тек гласањето на граѓаните

Во 80 отсто од гласачките места во цела Грција, до 13:30 часот, излезноста на парламентарните избори е 31,52 отсто согласно официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи на Грција надлежно за изборниот процес, јавува дописникот на МИА од Атина.

Генералниот секретар во Министерството, Михалис Ставрианудакис, соопштувајќи ги податоците рече дека излезноста е од 16 520 гласачки места, односно 80 отсто од вкупниот број.

Оваа година, првпат во Грција се соопштуваат податоци за излезноста додека е во тек гласањето на граѓаните.

Следните податоци ќе бидат соопштени околу 17 часот.

Првите официјални резултати од денешните избори, Министерството за внатрешни работи се очекува да ги објави околу 21 часот по локално време.

Два часа претходно, штом се затворат гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, ќе добие меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Агенциите за испитување на јавното мислење велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно.

Кризата за трошоците на животот беше централна тема на изборната кампања, а партиите се обидоа да ги придобијат гласачите со ветувања дека ќе ја зголемат минималната плата и ќе отворат нови работни места. Растот на цените имаше интензивно влијание врз Грците, чиј животен стандард беше значително нарушен за време на десетгодишната должничка криза.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на Г7 повикаа на соработка во борбата против глобалната криза со храна

Следно

„Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин вечерва премиерно во Прилепскиот театар

Latest from Blog

За среќа, тука е Pepco: Омилениот европски бренд на18 јуни истовремено отвора две продавници воСкопје!

СКОПЈЕ, јуни 2026 – Одбројувањето конечно заврши. Водечкиот европски дисконтен ланец за разновиднастока, Pepco, официјално го потврди својот големвлез на македонскиот пазар. Во четврток, на 18 јуни, со почеток во 10:00 часот,

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 со минимален раст, најголем интерес за Македонијатурист Скопје

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.06.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.755,07 поени. Во

Божиновска: Со Турција градиме стабилно енергетско партнерство

Во Истанбул, во рамки на Бизнис форумот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари средба со министерот за трговија на Република Турција Омер Болат, на која беше потврдена заедничката

Николоски: Македонија и Турција ја зацврстуваат економската соработка

Александар Николоски истакна дека Македонија и Турција продолжуваат да градат силно партнерство засновано на заедничка визија за економски развој и продлабочена регионална соработка. Во Истанбул, во рамки на македонско-турскиот бизнис форум, Николоски

ФИФА има сериозен проблем? Илјадници празни седишта веќе на вториот натпревар од Светското првенство

Фото: FIFA X Светското првенство штотуку започна, а ФИФА веќе се соочува со проблем што сакаше да го избегне по секоја цена. По церемонијата на отворање и првиот натпревар од турнирот, вниманието
Go toTop