Грците денеска излегуваат на гласање

May 21, 2023
1 min read

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, ќе добие меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Агенциите за испитување на јавното мислење велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно

Грција денеска оди на општи избори на кои најверојатно нема да има јасен победник, а доколку политичките партии не се согласат на коалиција, се очекува следните избори да се одржат во јули.

Анкетите предвидуваат дека владејачката конзервативна партија Нова демократија ќе освои најмногу гласови, но поради промените во изборниот систем во земјата веројатно нема да добие доволно за апсолутно мнозинство.

Право на глас имаат нешто помалку од 10 милиони Грци. Во 21 часот ќе бидат објавени првите излезни анкети на шест агенции за истражување на јавното мислење.

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, ќе добие меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Агенциите за испитување на јавното мислење велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно.

Кризата за трошоците на животот беше централна тема на изборната кампања, а партиите се обидоа да ги придобијат гласачите со ветувања дека ќе ја зголемат минималната плата и ќе отворат нови работни места. Растот на цените имаше интензивно влијание врз Грците, чиј животен стандард беше значително нарушен за време на десетгодишната должничка криза.

Нејасниот исход од изборите ќе доведе до неколкудневни преговори меѓу политичките партии за да се најде заеднички јазик и кохабитација во владата.

„Денешниот резултат е референдум или за политичка стабилност или за воведување влада без кормило“,

напиша грчкиот весник „Прото тема“ во уводникот на својата насловна страница.

Доколку ниту една партија не победи, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу ќе им даде на трите водечки партии тридневен мандат за секоја од нив да се обиде да формира влада.

Доколку ниту една партија не успее, Сакеларопулу ќе назначи привремена влада која ќе ја води земјата до следните избори, околу еден месец подоцна.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пентагон знаел дека Фаучи лаже за потеклото на вирусот

Следно

Враќањето на Сирија во Арапската лига предизвика загриженост во Израел

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop