Блокирани мостот „Газела“ и „Бранков мост“ на протестот „Србија против насилството“: Не си одиме додека властите не одговорат на барањата  

May 19, 2023
2 mins read

Граѓаните кои се одзваа на повикот на дел од опозицијата се собраа кај „Газела“, Нов Белград, „Бранков мост“, но крајот на колоната е сè уште сред улицата „Кнез Милош“ која е недалеку од Собранието на Србија, каде што започна протестот. Огромниот број присутни на протестот извикуваат „Вучиќ, оставка“ и „Вучиќ, оди си“

Во исто време кога започна протестот „Србија против насилството“, српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше на митингот на неговата Српска напредна партија во Панчево, во близина на Белград

Десетиците илјади граѓани кои денеска излегоа на третиот по ред протест под слоганот „Србија против насилството“ го блокираа мостот „Газела“ – најфреквентниот мост во Белград, како и „Бранковиот мост“, кој го поврзува Нов Белград со стариот дел на градот. 

Илјадници граѓани го блокираа мостот „Газела“/Фото: Нова.рс

Граѓаните кои излегоа на протестот на повик на дел од опозицијата за да го изразат своето незадоволство од реакцијата на српските власти по двете масовни убиства на почетокот на мај, во кои беа убиени 18 лица, порачаа дека нема да се повлечат додека властите не ги исполнат нивните барања.  

Пратеникот во српскиот парламент и лидер на опозициската Заедно за Србија, Небојша Зеленовиќ, порача дека „уште не си одат дома“. 

„Драги луѓе, храбри граѓани, уште не си одиме дома, голема колона отиде до ‘Бранков мост’ и го блокираше мостот, сега се враќаат овде, да ги почекаме, да се рашириме и да покажеме дека има простор за сите слободни луѓе што мислат. Повеќе да не ни се повторат ниту ‘Рибникар’ ниту Младеновац. Нема заминување додека не се исполнат сите наши барања. Кога ќе нè стават во формати во кои може да се одвива животот, тогаш воопшто не им е грижа. Затоа сме тука, бидејќи кога сме тука, сè застанува. Имаме цела ноќ да разговараме“,

рече тој, пренесува Н1. 

Се проценува дека колоната од протестниот марш е долга повеќе од два километри.  

Граѓаните кои се одзваа на повикот на дел од опозицијата се собраа кај „Газела“, Нов Белград, „Бранков мост“, но крајот на колоната е сè уште сред улицата „Кнез Милош“ која е недалеку од Собранието на Србија, каде што започна протестот. 

Илјадниците граѓани кои излегоа на денешниот протест под слоганот „Србија против насилството“/Фото: „Нова.рс“

Огромниот број присутни на протестот извикуваат „Вучиќ, оставка“ и „Вучиќ, оди си“. 

Во исто време кога започна протестот „Србија против насилството“, српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше на митингот на неговата Српска напредна партија во Панчево, во близина на Белград. 

Ден пред протестот во парламентот на Србија почна расправа за безбедносната состојба во земјата и околностите кои довеле до двете злосторства.  

Седница на Собранието на која ќе се расправа за безбедноста, беше едно од барањата на протестот.  

Меѓу другите барања на граѓаните кои по трет пат излегуваат на протестот се и оставка на министерката за полиција Братислав Гашиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин. 

Тие бараат и смена на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на таблоидите кои пропагираат насилство и го прекршуваат кодексот и одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи.  

Се бара и откажување на програмите кои промовираат насилство, како што се реалните шоуа.  

По трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, министерот за образование Бранко Ружиќ поднесе оставка. 

За потсетување, на 3 мај 13-годишен ученик уби осум ученици и еден чувар и рани шест ученици и еден наставник. Во пукањето, тешко беше рането девојче кое по неколку дена им подлегна на повредите во болница и таа е десеттата жртва во масакрот.  

Еден ден подоцна, на 4 мај, во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Белград, 21-годишен напаѓач уби осум, а рани 14 лица. Напаѓачот е уапсен и го призна делото.  

По двете трагедии, надлежните го зголемија полициското присуство во училиштата, а во тек е и акција на Министерството за внатрешни работи на Србија за доброволно предавање на нелегалното оружје.   

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Чернева за односите Софија-Скопје: Да не се довикуваме преку ограда, туку да ја тргнеме и да соработуваме

Следно

Конечни резултати од првиот круг избори во Туркије

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Градскиот воз ќе биде функционален за шест месеци

Градскиот воз, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за главниот град, е во завршна фаза и ќе биде целосно функционален за шест месеци. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски,

Новата песна на Кети Пери наводно зборува за раскинувањето со Орландо Блум: „Ти беше таму, но не беше“

Во видеото, објавено на 6 ноември, Кети мие садови и фрла нешто што изгледа како веренички прстен во одводот.  Додека се обидува да го извади прстенот, таа алудира на раскинувањето со текстот:

Тоневски: „Граѓаните ни ја дадоа довербата, време е да ја оправдаме“

Во Општина Пробиштип денес беше одржана свечена церемонија на која Општинската изборна комисија (ОИК) ги додели Уверенијата за новиот градоначалник и членовите на Советот. Новоизбраниот градоначалник Тони Тоневски истакна дека овој документ

Лотарија за гробно место до познати личности во Париз

 Градот Париз оваа недела отпочна уникатна лотарија којашто на „среќните“ добитници ќе им понуди вечно почивалиште во напуштени историски гробови – до некоја позната личност, во замена за реставрација на споменикот на

Пожар во Тузла: Бројот на жртви се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти

Бројот на жртвите од катастрофалниот пожар во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа во 23:01 часот во Универзитетско-клиничкиот центар (УКЦ) Тузла почина уште една пациентка која
Go toTop