Воспоставени директни летови Русија-Грузија по четиригодишна пауза

May 19, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руски патнички авион слета денес во Грузија што е првиот директен лет од Москва до Тбилиси по четиригодишна пауза, јавува Анадолу.

Авион на руската авиокомпанија „Азимут“ слета во Тбилиси, а во попладневните часови „Џорџиан ервејс“ ќе лета од Тбилиси за Москва.

Според договорот меѓу руските и грузиските регулаторни агенции, секој ден ќе се организира по еден лет од главните градови.

Руската компанија „Ред вингс“ објави дека побарала дозвола да лета за Грузија.

Грузиските власти одлучија да го обноват директниот воздушен сообраќај со Русија под услов само руски компании кои не се предмет на санкции од Западот да летаат за Грузија.

Како одговор на критиките од Вашингтон, грузискиот премиер Иракли Гарибашвили предложи Соединетите Американски Држави (САД) да го следат примерот на Русија, да воспостават безвизен режим за грузиските граѓани и да организираат директни летови за таа земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филхармонија му го отсвири „Тешкото“ на Ковачевски пред Влада

Следно

Артета како засилување ангажираше лабрадор

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop