Расте бројот на жртви во Италија: Поплавите однесоа 13 животи и иселија 13 000 луѓе

May 18, 2023
1 min read

Речиси секоја река од Болоња до североисточниот брег на Италија се излеа

Фото: EPA-EFE/EMANUELE VALERI

Повеќе од 20 реки се излеаја од своите корита и предизвикаа катастрофални поплави во Италија. Бројот на жртви, според извештаите во медиумите, расте. Како што пренесува Би-би-си, досега има 13 жртви, а 13 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да се евакуираат.

Повеќе од жртвите беа пронајдени денеска откако се излеа речиси секоја река помеѓу Болоња и североисточниот брег на Италија.

Обилните врнежи предизвикаа и над 280 свлечишта.

Поплавите ја наметнаа во јавноста дебатата за тоа дека на Италија ѝ е потребен национален план за одговор на ефектите од климатските промени.

Се смета дека многу фактори придонеле за поплавите, но климатските промени се една од главните причини што ги прави врнежите пообилни. Глобалното загревање е 1,1 степен Целзиусов од почетокот на индустриската ера, а се предвидува дека температурите на земјината топка ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не преземат итни мерки за намалување на глобалното затоплување.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Револт на српски пратеници: Извадија транспаренти „Што е смешно“ кога почна говорот на Брнабиќ

Следно

ПОЧИНА СЛИКАРОТ ТАКИ ПАВЛОВСКИ

Latest from Blog

ВЛЕН: По две децении застој, автопатот Скопје–Блаце конечно се реализира

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека автопатот Скопје–Блаце влегува во фаза на конкретна реализација, откако е завршена постапката за избор на изведувач, со што, како што наведуваат, еден од најважните инфраструктурни и стратешки проекти

Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Бранислав Николов приредија незаборавна вечер во Благоевград

Втората фестивалска вечер на „Crossing Jumaya“ во Благоевград донесе силни емоции, балканска музичка магија и настапи кои уште долго ќе се паметат. По успешното отворање на фестивалот, втората вечер ја потврди неговата

ВАР не спиеше, ФИФА објави фотографии и потврди: „Немаше офсајд“

Ситуацијата откако швајцарскиот репрезентативец ја упати топката со глава кон соиграч (Фото: ФИФА Медиа) Една од најконтроверзните ситуации на Светското првенство досега продолжува да предизвикува бројни реакции, а откако навивачите, аналитичарите и

Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист

Компанијата Грин Машинс, бренд на БРАКО и еден од водечките светски производители на возила за урбана хигиена, воспостави соработка со најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, чии тркачки автомобили отсега ќе

Коњановски: Од година во година „Мини Трчај бе“ станува сè поголема спортска приказна

Повеќе од 800 деца од Битола и од повеќе градови низ Македонија учествуваа на четвртото издание на детската трка „Мини Трчај бе“, што се одржа на битолското шеталиште. Градоначалникот на Општина Битола,
Go toTop