Во Судан продолжени судирите и покрај преговорите за прекин на огнот

May 18, 2023
1 min read

КАРТУМ (АА) – Жестоки судири повторно избија денес меѓу суданската Армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и покрај нивните преговори во Саудиска Арабија за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Според очевидци, вооружените судири се случиле во областа Ал Шакилаб, јужно од Картум, и во населбата Карари во градот Омдурман.

Припадниците на двата воени ривали се судрија и западно од мостот Халфаја, што ги поврзува Омдурман и градот Бахри, северно од Картум.

Сè уште нема информации за жртви.

Судирите се случија во време кога траат преговорите меѓу претставниците на Армијата и РСФ во саудискиот град Џеда за постигнување прекин на огнот и решавање на нивниот спор.

Повеќе од 832 цивили загинаа, а илјадници се повредени од почетокот на судирите на 15 април, соопштија локалните медицински претставници.

Несогласувањата меѓу двете страни се разгореа во последните месеци околу интеграцијата на РСФ во вооружените сили на Судан, клучен услов од договорот за транзиција во Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го оквалификуваа како „државен удар“.

Транзицискиот период на Судан, што започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: Неприфатлив е молкот за приведувањето на турските новинари во Германија

Следно

Припадниците на грчкото малцинство бараат ослободување на градоначалникот на Химара, Белери

Latest from Blog

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

фото: KickOff Online @KickffMagazine (X) Карлос Кеирош повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Гана, откако беше повторно назначен на функцијата помалку од два месеци по оставката. Португалскиот стратег во јули се

Медитеранот врие: Забележана е највисока температура во последните 33 години

Според извештајот, 79 проценти од Медитеранот доживеале силен или посилен морски топлотен бран најмалку еден ден, објавува AdnKronos. Во соопштението се објаснува дека рекордниот температурен рекорд оваа година треба да се толкува

Димарко е Играч на сезоната во Серија А!

фото: intermediolan.com @intermediolan_ (X) Федерико Димарко е прогласен за играч на годината во Серија А за сезоната 2025/26. 28-годишниот дефанзивец ја доби наградата од страна на Италијанската фудбалска асоцијација. Церемонијата на доделување

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светската метеоролошка организација ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека тој би можел да биде најсилниот во последните 70 години и да трае барем до февруари 2027-ма година..

18,3 милиони денари промет на Македонската берза – НЛБ Банка на врвот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.185,75 поени. Во однос
Go toTop