(ВИДЕО) Мечка шета низ улиците на Сараево

May 18, 2023
1 min read

Претседателот на Сараевското ловечко друштво Муриз Буква за „Кликс.ба“ потврдил дека ја следат мечката и ја упатуваат да се врати од каде што дошла

Екипата за интервенција на Сараевското ловечко друштво се обидува да избрка мечка која утрово шета по улиците во староградската област на Сараево.

Сè е пријавено во полиција и во ловниот клуб, чии членови веднаш излегле на терен. Претседателот на Сараевското ловечко друштво Муриз Буква за „Кликс.ба“ потврдил дека ја следат мечката и ја упатуваат да се врати од каде што дошла.

„Се обидуваме да ја вратиме, а таа веќе се упати кон касарната, односно кон Змајевац, тука сме и работиме, ако треба, ќе ја заспиеме и ќе ја вратиме… Во контакт сме со Факултетот за ветеринарна медицина, ако почне да прави проблеми и да полуди, ќе мора да ја застреламе за да не повреди никого“,

изјавил Буква.

Ловците посочуваат дека луѓето им се заканувале на живеалиштата на мечките со неодговорно однесување и со возење мотоцикли и квадрицикли низ шумите, што го нарушувало животот на животните. Се претпоставува дека мечката се симнала од пашиното брдо преку Седреник кон Вратник.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Економските претставници на Русија и исламските земји се собраа на 14. Форум во Казан

Следно

Македонија дел од најголемата мултинационална воена вежба „Defender Europe 23”

Latest from Blog

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат

ВИДЕО: Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, порача премиерот Мицкоски по средбата со Зеленски

Премиерот на Република Македонија, Христија Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција која што се оддржува во Германија оствари средба со украинскиот претседател Влодимир Зеленски. -Во Минхен остварив средба со претседателот
Go toTop