(ВИДЕО) Ковачевски од Рејкјавик: Дискурсот на Бугарија кон С Македонија е сличен со оној на Русија кон Украина  

May 17, 2023
3 mins read

Повод за ваквата реторика на шефот на македонската Влада се обвинувањата кон земјава, кои на Самитот ги изнесе потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, а кои Ковачевски ги оцени како целосно неосновани и рече доаѓаат од земја која не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Јотова, како што пренесуваат бугарските медиуми, на тркалезната маса што се одржа претходно денеска во рамките на Самитот, ги запознала учесниците со „систематското газење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“

Дискурсот што се користи од страна на Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот што Руската Федерација го користи кон Украина, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски во заклучокот од своето обраќање на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на Европа што се одржува во Рејкјавик, главниот град на Исланд, земја актуелен претседавач со ЕУ.

Момент од обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик

Повод за ваквата реторика на шефот на македонската Влада се обвинувањата кон земјава кои на Самитот ги изнел претставникот на Бугарија, кои Ковачевски ги оцени како целосно неосновани и рече дека доаѓаат од земја која не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Претставник на Бугарија на Самитот во Рејкјавик е потпретседателката Илијана Јотова. Таа, како што пренесуваат бугарските медиуми, на тркалезната маса што се одржа претходно денеска во рамките на Самитот, ги запознала учесниците со „систематското газење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“.

Генерална дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик

Ковачевски, пак, на генералната дебата на крајот од своето обраќање возврати.

„Да заклучам со следново, дискурсот што се користи од страна на Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот што Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права“,

рече премиерот.

Јотова, како што пренесуваат бугарските медиуми, на тркалезната маса рекла дека човековите права не можат да се гарантираат само во документи и дека секој обид за нивно прекршување мора да биде пречекан со цврст став и силна акција.

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова/Фото: Архива

„Европа живее од криза во криза, тоа предизвикува уште поголемо раслојување во општествата, нееднаквостите се зголемуваат, луѓето сè повеќе се спротивставуваат еден на друг… Се повеќе политичари си дозволуваат да зборуваат за човековите права како застарена или луксузна политика. Затоа мора да бидеме особено внимателни кога се соочуваме со нетрпеливост, непочитување на етничките права и дискриминација“,

рекла Јотова, пренесува бугарски „24 часа“.

Ова беше тема на дискусија и на вчерашната средба на бугарскиот претседател Румен Радев со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија.

На неа Радев посочил дека само преку почитување на човековите права и принципите на добрососедство Република Северна Македонија може да напредува во процесот на европска интеграција.

„Сведоци сме на зголемена системска дискриминација, полициско, административно и судско самоволие кон бугарските здруженија, зголемени злосторства од омраза врз Бугарите и луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија“,

нагласил Румен Радев.

Новиот бран на ескалација во односите меѓу Скопје и Софија го поттикна случајот со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кому на 6 мај не му беше дозволен влез во земјава бидејќи, според објаснувањето на македонските власти, патувал во група со уште четири лица, од кои за дел Министерството за внатрешни работи имало сознанија дека претставуваат ризик за јавниот ред и безбедност.

Инаку, денешното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски беше во контекст во војната во Украина истакнувајќи ја својата убеденост дека мултилатерализмот со сите негови недостатоци е единствениот начин да се мобилизира колективен одговор на воените кризи и предизвиците од различна природа.

„Руската агресија на Украина е очигледно кршење на меѓународното право како и еден остар потсетник за последиците од целосното непочитување на поредокот. Сè уште сме убедени дека мултилатерализмот со сите негови недостатоци е единствениот начин да се мобилизира колективен одговор воените кризи и неспоредливите предизвици од различна природа. Тие само сакаат да ја изберат својата иднина меѓу сојузниците“,

рече Ковачевски.

Тој посочи дека Европа нема да биде обединета, целосна и слободна без целосно интегриран Балкан во европското семејство.

Северна Македонија и Албанија, рече премиерот, заслужуваат да продолжат напред и заедно во евроинтегративните процеси и оти не смее да се дозволи влијание на трети страни, особено не од Русија во срцето на Балканот.

„Северна Македонија целосно ја поддржува Декларацијата на Самитот и сите анекси. Ние веруваме дека тие обезбедуваат солидна агенда за решавање на проблемите, со нашите партнерски организации, особено Европската Унија, особено во решавањето на проблемите и грижите што ги споделуваме. Како земја-претседавач со ОБСЕ и земја-членка на НАТО ќе продолжиме да ја покажуваме нашата цврста посветеност на мултилатерализмот и нашата посветеност особено на Украина, како што правевме досега“,

рече премиерот Ковачевски.

Обраќањето на Ковачевски во оригиналната верзија на англиски јазик, како и со превод на македонски јазик можете да ги погледнете во видеата во продолжение.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Америка на ангро вооружува автократски режими по светов

Следно

Ердоган: Договорот за црноморскиот коридор за жито продолжен за уште два месеца

Latest from Blog

Бразил само до бод против Мароко!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Бразил – Мароко 1:1 е исходот од мечот од групата Ц на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. Без Нејмар тимот на Карло Анчелоти неубедлив, далеку е овој Бразил од вечерва да

„НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ, НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ“ Орбан реизбран за лидер на Фидес

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април

Битолскиот совет даде зелено светло: Угостителите во Старата чаршија ќе бидат ослободени од комунална такса

Советот на Општина Битола едногласно ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителските објекти кои работат во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека

Полјаци копале во дворот и пронашле фетуси

Земјиштето претходно му припаѓало на 57-годишна специјалистка по патологија кој оттогаш е приведена, пишува „Euronews“. Откритие за време на земјени работи Окружното обвинителство во Жешов потврди дека било известено за откритието на
Go toTop