Камавинга ќе може да игра против Манчестер Сити

May 14, 2023
1 min read

Снимките на коленото на Французинот Едуардо Камавинга покажаа дека тој има мала повреда и ќе може да игра за Реал Мадрид в среда на реваншот против Манчестер сити.

Ова е олеснување за Карло Анчелоти и фановите на Реал, бидејќи во последниов период Камавинга е незаменлив стартер, и подеднакво добро се снаоѓа и во средниот ред и како лев бек.

Камавинга синоќа доби силен удар и не можеше да продолжи да игра, па во Реал Мадрид беа загрижени дека може да станува за повреда која ќе го спречи да игра на „Етихад“.

Анчелоти уште синоќа кажа дека нема место за паника и дека станува збор само за удар и дека Камавинга е млад и брзо ќе му помине болката. Денеска Кралскиот клуб има одмор, а утре се очекува и Камавинга да се појави на тренинг.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соседите раскажуваат детали за нападот во Србија во кој 13-годишник повреди мајка и син

Следно

Кремљ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот претседателски кандидат на Туркије за мешање во изборите

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop