(ФОТО+ВИДЕО) Нов масовен протест „Србија против насилството“ во Белград

May 12, 2023
1 min read

Планот на организаторите е на два часа да се блокира познатиот мост „Газела“. Дел од медиумите јавуваат дека на овој протест има поголема масовност од претходниот што се одржа во понеделникот. Граѓани, јавува Нова ТВ, скандираат „Вучиќ, оди си“

Протест „Србија против насилството“ – 12 мај 2023 г. / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Белград во тек е вториот протест „Србија против насилството“ во организација не неколку опозициски партии.

Протестот започна околу 18 часот пред зградата на српскиот парламент која беше собирно место на демонстрантите. На протестот, како што јавува Н1, нема партиски обележја, а може да се забележат транспаренти против насилството. Исто така, има и транспаренти против медиумите кои важат за провладини, а за кои се бараше затворање поради реалните шоуа што ги емитуваат.

Планот на организаторите е преку улицата „Кнез Милош“ да се тргне кон мостот „Газела“ и да се блокира на два часа, но дел од присутните изјавија дека ќе останат пред парламентот, а дел дека ќе тргнат во протестен марш.

„Сè зависи од енергијата и бројот на луѓе. Планот е на два часа да се блокира ’Газела‘, но во овој момент не можам тоа да го ветам, сè зависи од тоа дали ќе сакаат луѓето“,

изјави опозицискиот пратеник Александар Јовановиќ Чута на почетокот на собирот.

Протест „Србија против насилството“ – 12 мај 2023 г. / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Телевизијата Нова, пак,јавува дека мостот веќе е блокиран и дека е има огромна масовност прогласувајќи го протестот за најголем во последните десет години.

Дел од граѓаните скандираат и „Вучиќ, оди си“.

Ова е втор протест „Србија против насилството“, откако првиот се одржа во понеделник (8 мај). Тогаш организаторите проценија дека се собрале околу 50 000 граѓани.

Протестите следуваат по двете масовни убиства што се случија во Србија, првиот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а вториот кај Младеновац, во кои беа убиени вкупно 17 лица.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вечерва во 360°: Младите посклони кон коруптивно однесување од возрасните – зошто?

Следно

Емери најдобар тренер во Премиер лигата во април

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop