Иран го ослободи осудениот ирски државјанин Бернард Фелан

May 12, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – На слобода е пуштен Бернард Фелан, француско-ирски државјанин кој минатата година во Иран е приведен под обвинение за национална безбедност и осуден на 6,5 години затвор, известува Анадолу.

Фелан (64), кој поседува француско и ирско државјанство, помилуван е и пуштен „од хуманитарни причини“, севели во соопштението на Амбасадата на Иран во Даблин.

„Конструктивни дипломатски односи меѓу Иран и Ирска резултираа со амнестија и пуштење на слобода на ирскиот државјанин Бернард Фелан од хуманитарни причини“, се истакнува во соопштението.

Бернард Фелан е приведен во Машхад за време на демонстрациите „Махса Емини“ во октомври 2020. Поради разни обвинувања поврзани со националната безбедност, вклучувајќи и „поттикнување против режимот и фотографирање на безбедносните сили“. Фелан е осуден на 6,5 години затвор. Неговото семејство соопшти дека здравствената состојба на Фелан се влошила во затворот.

Во соопштението од 17. јануари, француското Министерство за надворешни работи се наведува дека се загрижени за Фелановата здравствена состојба и дека е потребно веднаш да биде ослободен. Во продолжение се вели дека Иран стапил во контакт со ирската влада, со цел да се обезбеди Фелановото итно ослободување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На 27 мај ќе се полага државната матура, вели министерот Шаќири

Следно

Наскоро ќе се реши хаосот во јавниот превоз, најави Арсовска

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна
Go toTop