Завојуваните страни во Судан потпишаа обврска за заштита на цивилите

May 12, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Суданските завојувани страни синоќа потпишале заложба за насоки за дозволување хуманитарна помош, според американскиот Стејт департмент, јавува Анадолу.

По еднонеделни разговори во саудискиот пристаништен град Џеда, суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) потпишаа „Декларација за посветеност за заштита на цивилите во Судан“, соопшти канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот.

„Декларацијата за заложба ги признава обврските на двете страни, во рамките меѓународното хуманитарно право и човековите права, за олеснување на хуманитарното дејствување за задоволување на итните потреби на цивилите“, се вели во соопштението.

Во него се нагласува дека заложбата ќе го води однесувањето на двете сили за овозможување безбедно доставување хуманитарна помош, обновување на основните услуги, повлекување на силите од болниците и клиниките и погребување на мртвите со почит“.

„По потпишувањето, разговорите во Џеда ќе се фокусираат на постигнување договор за ефективен прекин на огнот до приближно 10 дена за да се олеснат овие активности. Безбедносните мерки ќе опфатат и механизам за следење на прекинот на огнот поддржан од САД и Саудиска Арабија“, се додава.

Разговорите во Џеда ќе се однесуваат на „предложените аранжмани за последователни разговори“ за „траен прекин на непријателствата“, се вели во соопштението.

На 15 април избувнаа судири меѓу суданската армија и РСФ во главниот град Картум и неговата околина. Над 600 лица ги изгубија животите, а илјадници се повредени.

Несогласувањето меѓу суданската армија и РСФ беше поттикнато во последните месеци околу интеграцијата на РСФ во вооружените сили, клучен услов за транзицискиот договор на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја разреши преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го оквалификуваа како „државен удар“.

Транзицискиот период на Судан, кој започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Акар: „Страните се блиску до продолжување на договорот за жито по позитивните разговори“

Следно

Кенија: Пронајдени 150 тела на следбениците на култот на изгладнување

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop